Димитрис Киријазидис, пратеник на владејачката „Неа Демократија“ е исклучен од пратеничката група на оваа партија откако тој упати навредлив коментар кон пратеничката Зои Константопулу, лидерка на партијата „Курс на слободата“, за време на расправата за недоверба на владата во петокот пишува грчкиот ekathimerini.com.
Имено, додека пратеничката Константопулу говореше од собраниската говорница, кога Киријазидис, кој е пратеник од Драма и поранешен полицаец, извикал: „Оди имај бебе“. Овој сексистички коментар беше веднаш осуден во парламентот, предизвикувајќи бурни реакции и критики.
По препорака на лидерот на „Неа демократија“ и и премиер Кирјакос Мицотакис, Етичката комисија на партијата се состана истиот ден и едногласно одлучи да го исклучи Киријазидис од партијата, наведувајќи дека неговото однесување било „антипарламентарно и антиколегијално“.