КОД на Снежана Лупевска Созен истражуваше како фирмата на Ратко Капушевски го добила милионскиот тендер за мазут, а не била кадарна.
Подоцна до редакцијата Капушевски испратил демант во кој напишал:
„Ако јас не носам мазут нема да има струја, а ако нема струја ти не можеш да одиш на фризер да се исфенираш за на емисија“.
Ние ја продолживме истрагата без оглед дали сме фенирани или не а таа истрага благодарение и на наводите од истрагата и на тогашните антикорупционери заврши во ОЈО ГОК кое сега постапува со асистенција на МВР“, пишува Лупевска на Фејсбук.