Пратениците во Собранието, Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ и Митко Трајчулески од СДСМ беа гости во емисијата Само Вистина.
– СДСМ ги пушта низ вода луѓето што ги поставува, Судскиот совет долго време вршеше упад во правната држава.
– Секој нов ден довербата во правосудството е се пониска, очекувавме од Дамева и нејзините колеги да побараат индивидуална одговорност.
– Очигледно оставени сами на себе и по една година од промена на власта не делуваа, земаа боледување и не работеа согласно закон, затоа интерпелациите се знак дека не сме задоволни дека поединци не се разбудија од она што го прават, истакна Стојаноска.
– Довербата во правосудството е многу ниска, неопходни се темелни реформи согласно оценската мисија и како што се предвидени во реформската агенда која беше подготвена од претходната влада, пакет закони кои треба да бидат донесени за да има системски реформи.
– Треба да покажеме дека можеме да се надминеме себе си и дека знаеме да го промениме нашиот менталитет при практцирање на власта.
– Оние 2% доверба во правосудството се однесува на сите влади и тие имаат одговорност што сме до тука, но клучната работа велиме „грешките на СДСМ“ па ние плативме со рејтингот на изборите, затоа имавме таков резултат каков што имавме но граѓаните очекуваат реформа, смета Трајчулески.