До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа е Гостивар-Бујојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар. 60 километри фронт, решени имотно-правни односи, нешто што не можеше претходната Влада во рок од 2-3 години да го помисли, сега за неколку месеци е веќе решено, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
-Доброто е тоа што ќе се реализираат овие проекти и што граѓаните ќе можат да ги користат и на безбеден начин да комуницираат од еден во друг град. Нормално, тоа е добро и за туристичката сезона во Охрид и останатите туристички центри бидејќи на побрз начин туристите ќе можат да дојдат до туристичките места во државата, рече Мицкоски.