„…Ацо, да знаеш што се имаме увезено под фејк документи и изгорено во нашата земја, никогаш во Скопје не би се вратил. Се е загадено со тешки метали и отрови. Затоа онкологија е полна, ама никој релевантен не смее да зборува оти се е подмачкано…“ Ова е дел од статусот на Александар Левески, во кој тој пишува што му рекол обвинетиот Ратко Капушевски на одмор во Солун.
