strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: (ВИДЕО) Мицкоски до граѓаните: Нема да имам милост, секој кој е инволвиран во овој трагичен настан до последниот ќе одговара
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Мицкоски до граѓаните: Нема да имам милост, секој кој е инволвиран во овој трагичен настан до последниот ќе одговара
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

(ВИДЕО) Мицкоски до граѓаните: Нема да имам милост, секој кој е инволвиран во овој трагичен настан до последниот ќе одговара

Објавено March 16, 2025 19:13
strana.mk
Сподели
Сподели

„Во мојот живот сум имал многу тешки моменти и предизвици, но ова денес е убедливо најтешкиот ден од мојот живот. Ми се кине срцето и немам сила да говорам денес. Скршен сум и мојот дух е срозен, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес конференцијата во однос на страшната трагедија во Кочани, која ја потресе цела Македонија во која загинаа 59 лица, а 155 беа повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Јас во својот живот и во својата кариера сум се одлучил да делувам принципиелно, одговорно, чесно и отворено, без разлика на ризиците и без разлика на последиците кои тие ризици можат да ги донесат по мојот животен пат. Влегов во политиката да променам нешто. Наидов на систем длабоко корумпиран кој е создаван и негуван со децении, чиј дел се лица од сите партии, од секакви профили. Тој систем ако не се сруши оваа држава нема никогаш да ја биде и тој систем не може да се сруши лесно и брзо, затоа што е граден со децении, не со месеци и години, изјави Мицкоски.

Јас чувствувам длабока огорченост, длабока одговорност за се што се случувало сите изминати децении, како и од тоа што го видов до сега и што не довело до вака тешка ситуација на државата, државата во која сме сите, и ова чувство е сега дотолку по длабоко, што ова се случи токму сега после нецели 9 месеци од како беше избрана оваа Влада којашто ја предводам јас, кажа Премиерот.

Во нашата држава се случувале негирања и проблеми со државноста, суштествени проблеми за опстанокот на нацијата и државата, имавме и воена криза, вооружен конфликт, се случил пад на авион, потонување на брод, пат на хеликоптер, масакр на невини луѓе, деца кај Смилковско, се случувал тероризам како Диво Насеље, имало обиди за дестабилизација имало свесни подметнувања и сценарија, имало и големи и помали несреќи. Секоја со својата тежина и со свој интензитет на трагичност во себе. Но, ова е кулминацијата на еден лош, забревтан систем кој ги јаде нашите надежи, а покрај надежите и нашите соништа. Или ќе го победиме ние него или тој ќе оставиме да не победи нас. Победа над тој систем е можна само со одважност, доблест и принципи во кои веруваме, никако поинаку, не можеш да го излажеш тој систем, затоа што се храни од лагата и така станува посилен. Систем во кој погрешни луѓе носеле погрешни одлуки. Да знаете, само со одважност, доблест и личен пример, со лична жртва може да се избориме и да го победиме тоа зло. Тоа зло на корупција и злоупотреби на институциите, приватизирање на државата и уништување на се што е правично и нормално, зло во кое сите работеле и соработувале меѓу себе на штета на сиот нормален свет. Оваа трагедија е потсетник колку животот е кревок и колку малку е потребно за една обична ноќ да се претвори во незамислива загуба, кажа Мицкоски.

Веднаш беа преземени првите чекори за справување со последиците, а во моментов ги имаме информациите дека објектот каде се случи несреќата има фалсификувана лиценца, која била издадена март, 2024 за мито. Тоа е документ за работа на кабаре, кој е издаден нелегално, со оригинален печат на Министерството за економија и потпис на тогашните официјални лица на истото тоа министерство. Има тука многу прашања кои истрагата ќе ги одговори. Оттука, во сето ова што ни се случува и ни се случи, најпрво мора да има кривична одговорност за сите до еден инволвирани, без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, од која професија итн., итн. до последниот. Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме. Во хируршки прецизна акција на институциите. Без милост, изјави Мицкоски.

И второ, еднакво важно. Потребна е демонстрација на морална одговорност. И многумина ми велат народот знае дека Владата нема вина во ова, дека е нова Влада која влезе во костец со проблеми таложени со децении и систем на корупција кој е создаван со децении во државата, но јас ви велам без разлика на тоа, ние мора да бидеме пример кој ќе има значење и вредност и мора да има морална одговорност. И јас по ова прашање немам дилеми, ниту пак ќе калкулирам. На мене не ми е потребна власт по секоја цена, но јас сум тука да се борам и да демонстрирам со личен пример како сметам дека треба понатаму, и што доколку се откажеме, кажа премиерот.

Тогаш ќе дозволам ли да победи корумпираниот систем? Секако дека нема. Во наредните денови ќе преземеме низа на мерки и активности и одлуки кои ќе значат многу во борбата за оваа земја и во име на сите жртви на оваа трагедија и на нивните семејства. Тоа Ви го должам Вам, го должам и на семејствата на загинатите, и на медиумите и на секој еден човек во Македонија. Денес најважно е да изразиме сочувство кон семејствата, да се молиме за семејствата на загинатите и повредените и за народот на Македонија. Да повикаме на заедништво и сплотеност и да се насочиме кон фактите и се она кое е важно за почеток на едно големо ресетирање на системот. Систем кој не вовлекува сите и сака да не проголта. Мора да демонстрираме ние како политичари нешто различно нешто цврсто и принципиелно, кое ќе може да го совлада овој систем кој ја проголтува нашата држава и е главна пречка и главна закана и опасност за тоа дали оваа земја ќе преживее или не. Или ќе нè биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоиме. Овој пат нема да има повлекување, изјави Мицкоски.

И ги слушнав пораките од опозицијата. Не сакам да се политизира овој настан во смисла на тоа дека некој се обидува да набеди друга партија за одговорност. Ова не е меѓупартиска битка ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, туку ова е битка на чесните против нечесните и корумпираните од сите партии и сите институции. Ова го зборувам за сите чесни луѓе во Македонија, и во ВМРО-ДПМНЕ, и во СДСМ, и во Вреди, и во ДУИ и во други партии кои искрено сакаат државата да има ред и поредок. Без разлика на идеолошките разлики мора да се стави крај на корупцијата и да се срозат корумпираните и раскалашени луѓе кои ги злоупотребуваат институциите исто како што тие го срозија и прегазија ова што денеска го гледавме, а тоа се нашите души. Ова е борба против чудовиште кое ја проголтува иднината на земјата и зема со себе жртви. Ни ги зема најмилите. И победата врз него е наша обврска, потенцираше Мицкоски.

Ако има одговорност при непостапување во минатиот период ќе се преземат соодветни чекори. Ќе се разгледаат и испитаат од страна на институциите сите аспекти и сите проблеми кои доведоа до оваа трагедија без скрупули кон никого. Ќе се испитаат аспектите на контрола и се она кое јавноста оправдано го детектира како проблем и предизвик на општеството. Затоа велам, јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Ќе има решителни чекори и одлуки. Ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите. Сакам да искажам една голема благодарност до докторите и целиот медицински персонал во земјава кој несебично се вклучи во укажување на помош на настраданите, како и благодарност за сите наши пријатели и соседни држави кои се ставија на располагање, изјави премиерот.

Јас сум денеска скршен. Нема човек во Македонија кој не е скршен и со уништен дух после ова денес. Немам зборови што да кажам за да ја ублажам тагата и болката кај семејствата и кај сите граѓани, затоа што тоа е и моја болка.Бог да биде на помош на семејствата на починатите и повредените, и на сите граѓани на Македонија. Да ни дава на сите утеха и смирение во деновите пред нас. И да ја чува Македонија! Македонија мора да е посилна од корумпираниот систем., заврши Мицкоски на прес конференцијата која заврпи во Владата.

TAGGED:кочанитрагедијахристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Клековски: Експерти за изгореници од Израел ќе дојдат за повредените, а најкритичните се испраќаат во странство
Следна статија Екс министерот Крешник Бектеши на распит во полицијата

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

Животот ќе им се промени на овие три хороскопски знаци во јули

Хороскопот за јули 2025 открива дека…

June 25, 2025

Од 5 јули побрзо поминување граница со Србија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…

June 25, 2025

Судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе се води во Основен кривичен суд Скопје

Советот за казнени дела при Врховниот…

June 25, 2025

Обвинителката Стојковиќ за таткото на Вања: Немавме докази „во форма каква што би посакале“

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска по пресуата…

June 25, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

РСЕ: Двојните аршини на обвинителите и судиите

Како функционираат некои обвинители и судии пример е акцијата на полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Зголемен капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија

Премиерот Христијан Мицкоски по повод Светскиот ден на здравјето на денешната прес-конференција истакна дека здравјето е наша заедничка обврска, а…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Касами не му е певлива „Денес над Македонија се раѓа“

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ го отвориле прашање за промена на државниот грб,…

February 13, 2025
НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме

Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата. Мислам дека треба, но ако…

April 24, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?