strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа

Објавено March 17, 2025 14:47
strana.mk
Сподели
Сподели

Во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа во земјава, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски пред Ургентниот центар Мајка Тереза во Скопје, каде ги посети повредените во катастрофалниот пожар во Кочани. Премиерот нагласи дека самиот овој податок е алармантен и додаде дека и од тие 12 можеби некои не се валидни, со оглед на тоа дека лиценца се вади за една година.  

-Вие сега можете да претпоставите колку клубови работат во државата, само 12 поседуваат лиценци и тоа од тие не знаеме кои се сеуште валидни, бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, бидејќи тие се со важност од една година, така што не очекува многу работа. Очигледно дека некои не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја затскрие криминалната работа што ја работел додека раководел со таа институција. Нема да има милост, тоа вчера го кажав и денеска ќе го повторам, кој сака нека биде. Кој сака нека биде, од која и е да е етничка припадност и од која сака политичка партија нека биде, тоа што се случувало е повеќе од криминал.  Ова би рекол е масовно убиство, кое што некој го дозволувал за пари за мито за корупција да се случи, нагласи Мицкоски. 

На новинарско прашање дека дискотетката „Пулс“ во која избувна пожарот, во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени, работела веќе 15 години низ кои се менувале повеќе влади и каде ќе се се лоцира одговорноста, Мицкоски одговори дека овој клуб само два пати извадил лиценца во 2021 и 2023 година. 

-Цело време работеле или без лиценца, а прашањето е тие што му потпишале во ’21 и ’23 како му потпишале и врз основа на кои елоборати и документи му потпишале во ’24. Видовме како му потпишале, бидејќи на тоа архивско бројче на кое се води оваа фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститори. Тука повторно ќе кажам да им одговорам на оние што прават полноќни прес-конференции. Тука нема политика, ќе одговарате сите кои сте се дрзнале на овој начин да водите политика на грбот на граѓаните и на животите, кои овие деца ги изгубија и нема да има милост. Од дома ќе ги вадиме ако мислат дека ќе се обидат на етничка карта да играат и на политиканство од тие полноќни прес-конференции. Од дома за уши ќе ги вадиме и тоа треба да го знаат, рече Мицкоски. 

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши синоќа беше повикан во полициска станица на информативен разговор во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани.

По неговото повикување на информативен разговор прес-конференција доцна синоќа пред пред полициската станица „Карпош“ одржа потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, на која истакна дека целосната морална материјална и кривична одговорност за оваа трагедија не може да се бара на ниедно друго место освен во самата Влада, Министерството за внатрешни работи и Општина Кочани. Тој ја обвини актуелната власт дека наместо сплотеност и солидарност покажала политиканство, градејќи преку своите медиуми, наратив дека ДУИ е виновна за се.

-Уште во утринските часови кога пристигнуваа првите информации од Кочани медиумските јастреби на владејачките партии почнаа да ги ставаат темелите на големиот спин којшто во текот на денот се разви во официјален наратив на Владата, рече Адеми.

Именувајќи конкретен портал, тој рече дека уште во 9 часот почнала да се развива теорија дека зад настанот во Кочани стои некој Албанец, за потоа откако „други провладини портали ја објавуваат истечената лиценца од 2023 година, ја бришат веста за да после неколку часа ја објавуваат веста за некоја фалсификувана лиценца како главен столб на владиниот спин наратив“. – Ова не им служи на меѓуетничките односи, рече меѓу другото Адеми.

Мицкоски вчера на прес-конференцијата во Владата истакна дека објектот кадешто се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.

-Со сиот ризик дека можам да влијаам на истрагата, еве вака изгледа лиценцата – потпишана од тогашниот државен секретар. Но истата лиценца изгледа и вака – Само разликата е во тоа што првите два броја што во првиот случај се 51, а во вториот се 15, под истиот архивски број, а замислете, таму е заведен документ дека е комуникација со странски инвеститор, а сопственикот на локалот ги има овие документи, рече Мицкоски, поажувајќи ги пред новинарите двата документа.

На новинарско прашање, потврди дека станува збор за лиценца за кабаре. На прашањето пак, иако станува збор за фалсификувана лиценца, нејзината важност завршила два дена пред да се случи пожарот, Мицкоски рече дека тоа е во зависност кога влегла во сила но архивскиот број е од 13.03,2024, што, како што, рече значи дека на 14.03.2025 таа била истечена. На прашањето дали ќе го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, вели дека не постои таков документ во кој се вели дека ДПИ е надлежен 365 дена во годината.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека за целиот случај се осомничени повеќе од 22 – 23 лица. Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа. Како што рече министерот, дискотеката не само што немала соодветна лиценца, туку работела во објект чија намена е лесна индустрија, а не угостителство. 

Тошковски најави дека во текот на денов, по наредба на јавен обвинител, ќе се врши претрес во домот и патничкото возило на сопственикот на дискотеката и во службените простории на книговодственото биро кај одговорносто лице, а ќе бидат приведени и голем број лица од различни институции, меѓу кои и МВР. При извршени претреси, пак, во дом и службени простории на две лица од Министерството за економија, напомена министерот, се одземени техничка опрема, документација, оружје, муниција,..

TAGGED:кабареамицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Протест во Кочани: Не умираме од несреќи, умираме од корупција (ВИДЕО)
Следна статија ФОТО: Амбасадата на САД во Скопје го симна знамето на половина копје

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

Николоски: Имаме надлежност само за градби од А категорија, наместо спектакли, градоначалничката на Скопје да излезе со градежна инспекција на терен

Министерството за транспорт и врски има…

June 26, 2025

Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август

Од 1 јули до 31 август…

June 26, 2025

На Видовден српската опозиција и студентите подготвуват немири!

Српската опозиција и студентите подготуваат немири…

June 26, 2025

Виолетовата медуза во делови на Грција, еве што да правите ако ве пецне

Во морските делови во близина на…

June 26, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почна силната робусна борба против криминалот и корупцијата

Почна процесот на силната и робусна борба против криминалот и корупцијата со елиминирање на терористичка ќелија, за која постоело основани…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Тргнете ги рацете од Уставниот суд!

Тргнете ги рацете од Уставниот суд! Останете реално и вистински посветени на заложбите за владеење на правото, за правна држава…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Телефонски разговор на Сиљановска-Давкова со Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев,…

March 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски не очекува покачување на цената на струјата за домаќинствата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече…

October 28, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?