Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу синоќа во гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ обелодени дека од девет училишта на територија на општината, дури седум немале имотен лист.
Како што вели, тие биле изградени на диво.
„Ние поправаме една историја можеби 50 години што некој го наметнал така, и после легализираме се’ што е таму.
После 63-та година имаме ред блокови на згради без имотни листови, сега луѓето се снабдуваат со документи преку законот за легализација“, вели Ганиу за ТВ21.