strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Масовните протести во Турција предизвикаа шок на финансиските пазари – Инвеститорите го повлекуваат капиталот, лирата паѓа
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Масовните протести во Турција предизвикаа шок на финансиските пазари – Инвеститорите го повлекуваат капиталот, лирата паѓа
БИЗНИС

Масовните протести во Турција предизвикаа шок на финансиските пазари – Инвеститорите го повлекуваат капиталот, лирата паѓа

Објавено March 30, 2025 11:06
strana.mk
Сподели
Сподели

Масовните протести во Турција предизвикаа шок на финансискиот пазар – инвеститорите го повлекуваат капиталот, лирата паѓа.

Ердоган се обидува да ја смири ситуацијата. Експертите предупредуваат на долгорочните последици од политичката нестабилност.

Откако Турција беше погодена од бран масовни протести, предизвикани од апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, има пад на берзите.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган сега се обидува да ги смири разнишаните финансиски пазари.

Веста за апсењето на ривалот на Ердоган, Имамоглу, минатата недела предизвика големи загуби на турските финансиски пазари – тоа беше најлошата берзанска недела од глобалната финансиска криза во 2008 година.

Берзанскиот индекс ISE 100 привремено изгуби повеќе од 16 отсто.

Како одговор, турската Комисија за пазари на капитал забрани кратка продажба и обложување на натамошен пад на цените на акциите.

Во исто време, го олесни откупот на акции за да го поддржи падот на цените на акциите.

На краток рок, индексот порасна за околу два отсто, но набрзо се врати на најниското ниво од ноември.

Набљудувачите се согласуваат: овој развој на настаните може да претставува голем проблем за Ердоган.

Затоа што во последните години турските инвеститори инвестираа на берзата за да ги заштитат своите средства од високата инфлација, која во март сè уште изнесуваше 39 проценти.

Министерот ветува стабилност

На почетокот на неделава берзите на обврзници и акции во Турција малку се смирија.

Имено, министерот за финансии Мехмет Шимшек вети дека „ќе направи се што е потребно“ за стабилизирање на финансиските пазари.

Тој рече дека Турција сè уште нуди добри долгорочни можности за инвестирање.

Заедно со гувернерот на Централната банка Фатих Карахан, тој го повтори ветувањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган дека ќе ги задржи политиките погодни за инвеститорите што ги спроведува во последните две години за да се спречи масовната продажба на лирата од турските граѓани.

Турската лира ослабе во однос на доларот.

Сепак, фактот што падот беше само три отсто ги смири инвеститорите.

Тимоти Еш, аналитичар во РБЦ Блубеј, изјави за новинската агенција Блумберг: „Се чини дека најголемиот дел од одливот на лири (одлив на капитал) доаѓа од странци“.

Краткорочен шок

Ердал Јалчин, професор по меѓународна економија на Универзитетот за технологија, економија и дизајн во Констанц (HTWG), за ДВ изјави дека Турција „повторно е на патот на стабилизација во последните месеци по долг период на политичка несигурност, екстремно висока инфлација и постојана економска криза“.

Со многу високи каматни стапки и поддршка за лирата, таа успеа „повторно да ги привлече меѓународните инвеститори во земјата“. Државните обврзници и берзите беа на јасен пат кон закрепнување.

Сепак, апсењето на Имамоглу има последици и за пазарите:

“Политичката неизвесност во земјата нагло се зголеми. За неколку часа меѓународните инвеститори повлекоа големи количини капитал од турските финансиски пазари. Во исто време турската лира се најде под огромен притисок, принудувајќи ја Централната банка масовно да ги продава девизните резерви за да ја стабилизира валутата”.

Важен партнер

Кога зборуваме за економските последици од апсењето на Екрем Имамоглу, не смееме да заборавиме: последиците ќе бидат видливи дури оваа година.

Ердал Јалчин од HTWG во Констанц смета дека актуелната политичка криза не треба да има долгорочни последици за турската економија.

Дополнително, и ЕУ и САД зависат од стабилна Турција, „од една страна како важен партнер на НАТО, а од друга страна како стратешки важна земја во ограничувањето на миграциските текови кон Европа. Затоа, засега, критичките гласови од Европа се воздржани“.

TAGGED:инвеститорипротеститурција
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија На свадба во Венеција – како ќе изгледа венчавката на еден од најбогатите луѓе во светот
Следна статија Не престанува да тресе: Земјотрес од 5,1 степен според Рихтер го погоди Мјанмар

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025
ИЈЗ – Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку храна вода

Летото и високите температуро го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции,…

July 28, 2025

Кремљ: Русија е имуна на најавените санкции на Трамп

Кремљ објави дека продолжува да ги…

July 30, 2025

YouTube воведува автоматски ограничувања за малолетни корисници почнувајќи од 13 август

YouTube ќе користи вештачка интелигенција за…

July 30, 2025

Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

Кривична пријава е поднесена за македонски…

July 30, 2025

Шкендија ја победи Стеауа, обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија заслужено избори пласман…

July 30, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Мекдоналдс претрпе најголем пад во продажбата од пандемијата

Мекдоналдс претрпе најголем пад во продажбата, кој во САД е најсилен од врвот на Ковид-19. Падот, за кој компанијата соопшти…

May 2, 2025
БИЗНИС

Паднаа берзите во САД по иранските ракетни напади на Израел

Главните берзански индекси во САД регистрираат денеска значаен пад додека цените на нафтата растат по извештаите за ракетните напади на…

October 1, 2024
БИЗНИС

Пентагон ќе го користи чет-ботот Грок на Илон Маск

Американското Министерство за одбрана почнува да го користи Грок (Grok), чет-ботот за вештачка интелигенција развиен од компанијата xAI, на Илон…

July 15, 2025
БИЗНИС

Словенија воведува данок од 25% на профитот од криптовалути

Владата на Словенија усвои закон со кој се воведува данок на добивка од продажба на крипто средства, како и измени…

July 20, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?