strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Со пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина
МАКЕДОНИЈА

Со пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина

Објавено April 5, 2025 18:51
strana.mk
Сподели
Сподели

Со едно прво место, со награда за најдобро решение на понуден проблем, за најдобра соработка како тим, награда за најдобра прва автоматизација и за најдобра идеја и креативност, македонските ученици се враќаат од првиот Медитерански СТЕМ натпревар што денеска се одржа во Атина, а имаа задача да наоѓаат решенија за преживување на Марс, јави дописничката на МИА од Атина.

По неколкучасовниот натпревар, односно презентација на решенијата за конкретната дадена проблематика и оцените од судиите, попладнево беа прогласени најдобрите, а меѓу нив и сите пет наши тимови, со по една награда за секоја тим, пет награди, што донесоа радост, насмевки и задоволство и кај ученици, но и кај нивниот тренер-едукатор и кај македонската СТЕМ Академија.

Македонските ученици, на возраст од осум до 12 години, се натпреваруваа во две категории, поделени во пет тима, два во помала и три во поголема категорија и имаа различни задачи и предизвици, за кои со помош на роботиката со лего коцки, требаше да најдат решенија на задачи како што се изградба на метеоролошка станица, создавање енергија, но и садење храна на Марс.

Тренерот-едукатор на македонските тимови Љупчо Јованов, изрази задоволство од постигнатиот успех, објаснувајќи дека подготовката била долготраен процес, односно околу три и пол месеци интензивна работа од четири-пет часа за време на викендите, а се користело претходното знаење на децата со лего коцки, со сензори, со мотори и сл. и дополнително бил воведен и микро бит за мерење на физички величини, читање на графички приказ и слично за да се добие решение на некој проблем.

– Премногу сум задоволен, се исплатеше три и пол месечниот труд што го вложивме како тимови, иако имавме одредени потешкотии на самото денешно презентирање, со техника и слично, меѓутоа на крај се покажа дека подготвеноста на децата да се снајдат со какви било проблеми вроди со плод, вроди со резултат. Сите тимови добија награди, тоа ни беше првично, првична цел кога тргнавме на натпреварувањето. Останува следната година да се подготвиме подобро, да решаваме уште подобри проблеми, истакна Јованов за МИА веднаш по соопштувањето на наградите.

Првата награда во нивната категорија ја освои тимот „Future stars“, односно Дамјан, Мила, Глигор, Алексеј кои беа задолжен за создавање метеоролошка станица на Марс за да ги заштита оние кои ќе живеат таму, а учениците иако видно задоволни и среќни, сепак скромно коментираат дека воопшто не се надевале на награда.

Темата на првиот Медитерански СТЕМ натпревар, што се очекува во иднина да стане традиционален, беше „Дали можеме да преживееме на Марс“, а како што објасни едукаторот Јованов, задачата на секој тим беше да формира проект што ќе реши даден проблем за да го населиме Марс.

– Секој тим одбра по една проблематика и во поголемата категорија, треба да направи две или четири автоматизации што вклучува мерење на некоја величина и вклучување на некој мотор за да изврши дадена задача. Во помалата категорија е малку поедноставно, бидејќи бараат само една автоматизација која вклучува мотор и еден сензор, а останатите се рачни механизми соодветно за возраста. Така што, мораше, кога се решаваа проблемите да има сеопфатен пристап за да можеме да изготвиме различни автоматизации и дополнително имавме ограничувања дека мора да користиме и видеокамера како сензор, микро бит кој ќе мери различни величини и сето тоа да биде прикажано со програмски код и да имаме дури за едното автоматизација и компјутерска анимација за да се видат вештините во програмирање на самите деца, објасни Јованов.

Директорот на македонската СТЕМ Академија Жарко Поп-Илиев, кој е дел и од бордот на директори на СТЕМ Асоцијацијата која го организира Медитерански натпревар, за МИА коментираше дека е навистина импресивно она што децата го научија во целиот процес на подготовки и напорна работа во изминатите три-четири месеци.

– Се користат најразновидни технологии, не е само лего, туку напротив многу open source технологија којашто е подостапна и поевтина во светски рамки. Се користат дополнителни напредни знаења, во овој случај на пример темата е „Како да се преживее на Марс?“, што е многу интересна тема. Децата прво правеа истражување околу темата, па потоа врз основа на тие истражувања осмислуваа одредени проекти, иновативни проекти коишто ќе ги презентираат и на крај ги прават проектите и секој проект треба да исполни одредени технички барања. Треба да одредени автоматизации, треба да има одредени роботски елементи итн. кои се предвидени од самиот организатор, објасни Поп-Илиев.

Во однос на наградите, иако во нивното 14-годишно постоење СТЕМ Академијата имаа низа меѓународни признанија, сепак директорот посочи дека постојат многу други и поважни работи со кои се стекнуваат децата.

– Пред сè, тука е учењето, искуството, соработката. Тоа се основните принципи врз кои се гради сето ова. Наградите, да, убави се, но доаѓаат како резултат на посветеност, а ние повеќе сме фокусирани на процесот отколку на тоа дали ќе се добие награда или не. Повредна е возбудата, тимската работа. Оние работи кои децата ги стекнуваат низ целото тоа, не само знаењето знаењето, туку и оние вештини за социјализација, за решавање на проблеми, критичкото расположение, самодоверба, бидејќи треба да презентираат пред судии, каде што треба да одговараат на прашања, да не се блокираат, тоа се многу елементи кои, барем за мене, се многу поважни, посочи Поп-Илиев.

Во однос на тоа колку роботиката е популарна кај нас, извршниот директор на СТЕМ Академијата објасни дека привлекува внимание меѓутоа потребно е да се работи на вистински начин, не е само да се работи туку да се работи со одредена методологија, на прав начин со искрени желби.

Медитеранскиот СТЕМ натпревар се одржа во просторот на саемот во северниот дел на Атина, а веднаш по свеченото отворање, учениците од земјите учеснички С. Македонија, Црна Гора, Бугарија, Либан, Кипар, Египет, како и домаќинот Грција, внимателно и посветено, во рамките на нивните тимови, работеа на дадената задача, додека судиите ненајавено ги посетуваат за да ги слушаат нивните објаснувања за понудените решенија.

TAGGED:атинаученици
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (ВИДЕО) Кузеска: МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира
Следна статија „Хера“ бараат од претседателката Давкова да не ги потпишува указите за законските измени во образованието

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Битиќи во анкетен лист не го пријавил накитот кој го украле крадците од неговиот дом

Поранешниот потпретседател на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трпеноски: Надлежните во Обвинителство итно да постапуваат по сомнежите за криминали во и од ФИТР

Обвинителството веднаш да се фати за работа, да ги разгледа пријавите и сите сомнежи за сторениот криминал во Фондот за…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

Склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје за Универзалната сала има контрадикторни одредби, не е заверен…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Утре е Митровденска задушница- Ова се обичаи и верувања!

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници,…

November 1, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?