strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Трамп за царините: Ова е економска револуција и ќе победиме
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Трамп за царините: Ова е економска револуција и ќе победиме
СВЕТ

Трамп за царините: Ова е економска револуција и ќе победиме

Објавено April 5, 2025 19:00
strana.mk
Сподели
Сподели

Големото зголемување на царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп предизвика ескалација на трговска војна и доведе до пад на светските пазари, jaавија американски медиуми.

Индексот на њујоршката берза „S&P 500“ падна во петокот за шест отсто, „Dow Jones Industrial Average“ за 5,5 отсто и „Nasdag Composite Index“ за 5,8 отсто.

Кина во петокот објави дека следната недела ќе воведе царина од 34 отсто за сите увозни производи од САД, дел од серијата одмазднички мерки против новите царини на Трамп.

Трамп ја засили својата посветеност за царините, тврдејќи дека новите давачки ќе донесат десетици милијарди долари инвестиции во САД и ги критикуваше одмаздничките мерки на другите земји.

Основната царина од 10 отсто што ја објави Трамп оваа недела стапи на сила денеска, носејќи илјадници царински агенти на граничните премини на САД.

Повисоките царини за другите земји насочени од Трамп треба да стапат на сила в среда: до 50 отсто за Лесото, 49 отсто за Камбоџа и 47 отсто за Мадагаскар.

Во објава на социјалните мрежи со големи букви како што сака да пишува, Трамп денеска напиша: „ОВА Е ЕКОНОМСКА РЕВОЛУЦИЈА И НИЕ ЌЕ ПОБЕДИМЕ!“.
Вредностите на акциите на берзите паднаа по објавувањето на новите царински тарифи.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун објави фотографија на Фејсбук на која се гледаат Dow Jones, S&P 500 и Nasdaq паднаа за повеќе од пет проценти во петокот, со коментар: „Пазарот проговори“.

„Трговската и царинската војна што ја започнаа САД против светот е неиспровоцирана и неоправдана“, напиша Гуо. „Сега е време САД да престанат да прават погрешни работи и да ги решат разликите со трговските партнери преку еднакви консултации“, додаде тој.

Кина упати повеќе критики за сметката на американските царини, велејќи дека тие „сериозно ги прекршуваат легитимните права и интереси на сите земји, сериозно ги прекршиле правилата на Светската трговска организација, сериозно го оштетиле мултилатералниот трговски систем заснован на правила и сериозно влијаеле на стабилноста на глобалниот економски поредок“.

САД „ги користат тарифите како оружје за да вршат екстремен притисок и на барање на приватни интереси. Ова е типичен чин на унилатерализам, протекционизам и економско малтретирање“, се вели во соопштението кое и се припишува на кинеската влада, а пренесува официјалната новинска агенција Синхуа.

„Притисокот и заканите не се вистинскиот начин за справување со Кина. Кина презеде и ќе продолжи да презема цврсти мерки за заштита на својот суверенитет, безбедност и развојни интереси“, се вели во соопштението.

Се вели дека Кина ќе продолжи „да се отвора на високо ниво“ наместо да ја затвори својата економија со уште повисоки царини.

„Економската глобализација е неизбежен пат за развој на човечкото општество“, се вели во соопштението и се додава дека „на светот му треба правда, а не тиранија!“.

Италија повикува на прагматизам и избегнување на воведување контратарифи

Се очекува британската автомобилска индустрија да биде силно погодена од новите царини бидејќи британските производители на автомобили веќе се борат со падот на побарувачката дома и потребата да ги преуредат своите фабрики за да се префрлат на електрични возила.

Трамп денеска беше на својот терен за голф во Флорида за првпат од почетокот на неговиот втор мандат. Тој беше забележан како носи црвена капа МАГА и бела поло маица додека читаше напис на таблоид за одговорот на Кина на американските царини.

„Тие и многу други земји се однесуваа со нас неодржливо лошо“, рече Трамп на својата социјална мрежа. „Бевме глупава и беспомошна жртва на камшикување, но не повеќе“, додаде тој.

Италијанскиот министер за економија Џанкарло Џордети предупреди дека воведувањето одмазднички тарифи против САД ќе биде штетно и за Италија и за Европа.

На бизнис форум во близина на Милано, Џордети денеска изјави дека Италија работи на „деескалација“ со САД по најавата на Трамп за општа царинска тарифа од 20 проценти за земјите од Европската унија.

„Треба да избегнеме да започнеме контратарифна политика која може да биде штетна за сите, но особено за нас“, рече италијанскиот министер. „Нашата порака е дека треба да избегнеме притискање на копчето за паника… Заземаме прагматичен и рационален пристап“, рече тој.

Џорџети предложи ЕУ да им дозволи на земјите-членки да ги олабават фискалните правила за да ги зголемат трошоците.

Италија има многу ограничен простор за ова, бидејќи владата предвидува дека нејзиниот огромен долг ќе се зголеми на речиси 138 проценти од БДП до 2026 година.

Тајван вели дека ќе го обезбеди фондот од 2,65 милијарди долари за помош на индустриите кои се најпогодени од американските царини.

Тајван има трговски суфицит со САД, но голем дел од него доаѓа од тајванските индустрии кои се обидуваат да ја задоволат американската побарувачка за производи од информатичка технологија. Официјални лица велат дека Тајван планира да преговара со САД за новата царина од 32 отсто во земјата и да се обиде да постигне подобар договор.

TAGGED:доналд трампекономска револуцијацарини
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија „Хера“ бараат од претседателката Давкова да не ги потпишува указите за законските измени во образованието
Следна статија Еминем стана дедо

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

СВЕТ

(Видео) Камала го прогласи Трамп за победник на изборите: републиканците ги поздравија нејзините зборови со овации

Конгресот на Соединетите Американски Држави и официјално ја потврди победата на новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори над…

January 7, 2025
СВЕТ

Најмалку 15 повредени во Флорида при судир на воз со противпожарно возило

Тројца пожарникари и десетина патници беа повредени во саботата на Флорида кога противпожарно возило со ротациони светла се движело преку…

December 29, 2024
СВЕТ

Проевропската претседателка на Молдавија победи во првиот круг, на референдумот за ЕУ ​​мнозинството е „против“

Според прелиминарните резултати, мнозинството од гласачите во Молдавија гласале „против“ на референдумот за потенцијално членство во Европската унија, што изгледа…

October 21, 2024
СВЕТ

„Демократија“: Европскиот парламент ја отфрли владејачката партија во Грузија затоа што не им одговара

Европскиот парламент денеска со големо мнозинство усвои резолуција со која се отфрли легитимноста на „самопрогласените власти на Грузија“ и повика…

February 13, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?