strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: ДЗР: Дури 67 отсто од градинките во Македонија работат со преоптоварени капацитети
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДЗР: Дури 67 отсто од градинките во Македонија работат со преоптоварени капацитети
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Дури 67 отсто од градинките во Македонија работат со преоптоварени капацитети

Објавено April 8, 2025 13:09
strana.mk
Сподели
Сподели

Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во мај лани работеле со преоптоварени капацитети, покажуваат резултатите од извршената ревизија за успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Во периодот од 2020 до 2024 година се изградени седум детски градинки за кои се исплатени средства во вкупна вредност од 263,89 милиони денари или 4,3 милиони евра, од различни извори, а до периодот на известување од ревизијата не се пуштени во употреба поради необезбедени согласности од Министерството за финансии за вработување на потребниот кадар и не создадени услови за издавање на решение за вршење на дејноста.

– Ефектите од извршените инвестиции со буџетски средства за период од 2020 до јуни 2024 година покажуваат дека од 11 детски градинки опфатени со инвестиции за проширување на 1.057 места, во употреба се само три детски градинки со 158 места, што претставува 15 отсто пополнетост во однос на проектираниот капацитет. Утврдивме дека 84 отсто од вложените средства во детските градинки, односно 212,687 милиони денари или 3,5 милиони евра, во изминатиот 4-годишен период не резултирале со исполнување на нивната функција – згрижување и воспитание на деца, бидејќи градбите се во тек, односно не се завршени подолг временски период, но и поради постоење на изградени објекти кои по две години не се пуштени во употреба, се нагласува во ревизијата.

Се додава дека инвестициите во еден адаптиран објект во вкупен износ од 3,313 милиони денари пуштен во употреба во 2021 година, не ги даваат посакуваните ефекти бидејќи во 2022 – 2023 година не ја извршува дејноста поради недоволен број на деца во населеното место.

-За потребата од дополнителни капацитети за сместување на деца во установи за предучилишно образование најголеми сигнали испраќаат листите на чекање за упис во самите градинки, каде што бројот на деца во октомври 2024 година изнесува 4.851, се посочува во ревизијата.

Се нагласува дека недоволниот број на вработени во градинките значително може да влијае на квалитетот на услугата, „особено кога бројот на деца во групите е над дозволената граница, каде што главен проблем е недостигот на согласности за вработување, како и потешкотиите за стекнување на лиценци за работа на потребниот кадар“.

-Системот за полагање на стручниот испит за лиценцирање не е во функција од ноември 2023 година, а според евиденцијата во Министерството за социјална политика, демографија и млади, која не е ажурна и целосна во периодот од 2020 до јуни 2024 година, 834 лица чекаат за полагање на испитот, што влијае врз континуирано обезбедување на неопходниот стручен кадар за функционирање на градинките, се вели во ревизијата.

Целта на ревизијата, со која е опфатен периодот од 2020 до 2023 година, како што посочуваат од ДЗР, е да се даде одговор на прашањето дали со јавните инвестиции во детските градинки се обезбедува ефективно користење на средствата и се придонесува за обезбедување на подобрени услови за престој, оптимален и зголемен опфат на деца од предучилишна возраст и нивно згрижување и воспитание. 

Во ревизијата се дадени препораки  за подобрување на состојбите во делот на правната и програмска рамка на системот за инвестирање во детските градинки, регистарот на податоци за детски градинки, планирањето, финансирањето и реализацијата на проектите за изградба, доградба, адаптација и опремување на детски градинки, како и капацитетите за згрижување и воспитание на деца, со цел постигнување на оптимален опфат и зголемување на бројот на деца во предучилишна возраст.

– Не се изготвуваат и извештаи за следење на степенот на реализација на целта за обезбедување на услови за оптимален опфат на децата во системот на згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст што го отежнува мерењето на ефектите од спроведените активности. На национално ниво не е воспоставена системска правна рамка за управување со јавните инвестиции. Податоците во регистрите за капацитетите на детските градинки како основа за креирање на политики за вложувања во детски градинки не се целосни и ажурни, додека, пак, податоците за стапката на вклученост и опфатот на децата од 0 – 6 години во предучилишно образование што се обезбедуваат од различни извори се разликуваат и изнесуваат 29 отсто односно 34 отсто за 2023 година, се вели во ревизијата.

TAGGED:ГрадинкиПреоотоваренист
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија По 7 години запуштеност: „Македонско село“ повторно ќе заживее
Следна статија Кирков: Пцовисаа две лами од редок вид во скопската Зоолошка градина

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Тошковски за случајот „Штекли“: Одлучно и сурово ќе одговориме. Нема да се мижи како што се мижело претходно

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска,…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

На јавниот повик за ангажирање лица за справување со пожарите пријавени помалку од 500 кандидати

Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

ВО ЖИВО Заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Кошта

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска престојува во еднодневна…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи соопшти дека скопската обиколница целосно е пуштена за сообраќај. Од 17:20 часот пуштен е сообраќајот и…

July 9, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?