strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“
СВЕТ

Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“

Објавено April 10, 2025 08:18
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека последниве денови го следел пазарот на обврзници и укажа дека тоа било еден од факторите кои довеле до неговата одлука да воведе 90-дневна пауза за дел од царините.

Го следев пазарот на обврзници. Тој е многу незгоден. Го следев. Но ако погледнете сега, е одличен. Пазарот на обврзници во моментов е одличен. Но, да, синоќа видов дека луѓето станаа малку нервозни,“ рече тој.

Трамп рече и дека го гледал генералниот директор на JP Morgan Chase, Џејми Дајмон, на „Фокс Бизнис“ утринава.

„Генералниот директор даде изјава во насока на тоа дека нешто мораше да се направи во врска со царините и трговијата… Тој го разбираше тоа,“ рече Трамп.

Тоа што се случуваше не беше одржливо. Некоj мораше да направи потег. Јас бев подготвен“, рече Трамп во изјавата што ја пренесе „Си-ен-ен“.

Во тој настап, Дајмон предупреди дека рецесија е веројатен исход од ескалирачката трговска војна што произлегува од царинската политика на Трамп.

„Никој не посакува (рецесија), но ако ја има, се надеваме дека ќе биде кратка,“ рече тој. „Мислам дека решавањето на овие царински и трговски прашања би било добра работа.“

Трамп за „Си-ен-ен“ изјави и дека одлучил да ја воведе паузата на новите реципрочни царини затоа што мислел дека луѓето почнале малку да стануваат нервозни.

Тоа што ни се случуваше на трговски план, не само со, знаете, Кина – а Кина беше убедливо најголемиот злоупотребувач во историјата – и други исто така… но некој мораше да преземе нешто. Мораше да се запре“ рече Трамп во Белата куќа.

Тој ја пофали поддршката од другите земји погодени од царините.

„Сите сакаат да постигнат договор – некој мораше да го направи она што го направивме ние, и јас воведов 90-дневна пауза за оние што не возвратија, затоа што им рековме: ‘Ако возвратите, ќе дуплираме’,“ рече тој.

„И тоа го направивме со Кина, затоа што тие возвратија, па ќе видиме како ќе се одвива сè. Мислам дека ќе испадне одлично.“

На прашањето за изненадната промена на ставот, Трамп одговори за „Си-ен-ен“: „Мора да бидете флексибилни,“ признавајќи дека неговиот тим ги следел реакциите на пазарот.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно се обиде да ја претстави одлуката на Трамп како дел од долгорочна стратегија за охрабрување на земјите да преговараат, а не како случајна постапка што го потресе светскиот пазар.

TAGGED:трампЦарини
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (Видео) Атомски фудбал во Барселона и Париз – Барса и ПСЖ зачекорија во полуфиналето
Следна статија Tелефонски разговор Мицкоски – Лутник: Потврдени цврстите односи меѓу САД и Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Руски генерал: Ја подготвуваме „сатана 2“ за борбена готовност

Во тек е процесот за воведување на најновиот ракетен систем „сармат“ во борбена готовност, изјави командантот на Стратешките ракетни сили…

November 27, 2024
СВЕТ

Голем прекин на струјата во Кан во екот на филмскиот фестивал

Голем прекин на струја во јужниот француски град Кан го наруши последниот викенд на меѓународниот филмски фестивал. Околу 160.000 домови…

May 24, 2025
СВЕТ

Масовна евакуација во Германија: американски бомби во центарот на Келн, 20.000 луѓе во опасната зона

Голем дел од центарот на германскиот град Келн беше затворен во средата бидејќи експертите за експлозиви се подготвуваа да деактивираат…

June 4, 2025
СВЕТ

Најмалку 48 загинаа додека чекаа ред за помош во Газа, стравувањата од масовно гладување растат

Најмалку 48 Палестинци беа убиени во израелски напад во текот на ноќта додека чекаа во ред за хуманитарна помош, според…

July 31, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?