strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Европските контра-царини ќе ја чинат американската економија 22 милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Европските контра-царини ќе ја чинат американската економија 22 милијарди евра
БИЗНИС

Европските контра-царини ќе ја чинат американската економија 22 милијарди евра

Објавено April 10, 2025 11:41
strana.mk
Сподели
Сподели

Мерките, чие воведување вчера го одобрија земјите членки на ЕУ како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум од Унијата во висина од 25 отсто, ќе ја чинат економијата на САД дополнителни трошоци од околу 22 милијарди евра.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие мерки предвидуваат воведување царини во висина од 10 до 25 проценти за увозот во ЕУ на низа американски производи, вклучувајќи и тутун, мотоцикли, живина, челик и алуминиум.

Помал дел од европските контра-царини ќе стапат во сила на 15 април, најголем дел ќе почнат да се применуваат од 16 мај, а преостанатите, меѓу кои и за сојата и за јаткасти плодови, ќе важат од 1 декември.

Ваквата одлука се базира на ставот на ЕУ дека се обидува нејзините мерки да и нанесат минимални штети на европската економија, а да имаат максимален учинок врз САД, со што на Унијата ќе и обезбедат максимално можна силна позиција во преговорите со Вашингтон за избегнување на трговска војна.

Одлуката беше донесена откако американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли предлогот на ЕУ за укинување на царините за сите индустриски стоки со кои тргуваат Унијата и САД, дополните инсистирајќи блокот да „купува повеќе американски течен природен гас (ЛНГ)“.

За воведување на контра-мерките на американските царини гласаа 26 земји членки на ЕУ, а против беше само Унгарија. За усвојување на одлуката беше потребно „квалификуваното мнозинство“, односно поддршка од најмалку 15 земји членки на ЕУ во кои живеат над 65 отсто од вкупното население на блокот.

Европската комисија првично предлагаше контра-мерки чија вкупна вредност би ја чинело американската економија 26 милијарди евра, но подоцна ја ревидираше листата на американски стоки кои ќе подлежат на новите царини. Меѓу „отстранетите“ стоки се најде и бурбонот, што се оценува како ретерирање по заканата на Трамп дека ќе воведе царини од 200 отсто за алкохолните производи од ЕУ, доколку Брисел го оцарини американското виски.

Според податоците на ЕУ, американските царини на увозот на стоки од ЕУ достигнуваат вредност од околу 370 милијарди евра, што е на ниво на околу 70 отсто од вкупниот европски извоз во САД.

Како што најави во понеделникот портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил, следната недела Комисијата ќе претстави и предлог за реакција на американските царини од 25 отсто за автомобилите и на т.н. реципрочни царини од 25 проценти за увозот на сите стоки од ЕУ.

Гил истакна дека по објавувањето на предлогот, ЕК ќе одржи консултации со земјите членки и со европската индустријата, по што ќе ги предложи конечните мерки што би требало да бидат одобрени од државите членки. Според извори во ЕК, целата оваа процедура за усвојувањето на мерките би требало да заврши до средината на мај.

Воопшто не сакаме да одиме во тој правец. Се обидуваме да избегнеме царини. Ние не ја создадовме оваа ситуацијата и се обидуваме да ја поправиме, рече Гил, додавајќи дека стратегијата на ЕУ останува непроменета и таа сака да преговара со американската страна за избегнување на ваквата ситуација со царините.

Европската Унија и нејзини претставници досега во повеќе наврати посочија дека ги сметаат американските царини за неоправдани и штетни и дека тие нанесуваат економска штета на двете страни, како и на глобалната економија.

ЕУ јасно соопшти дека претпочита преговори со САД, кои би резултирале со избалансирани и заемно корисни решенија, соопшти вчера Европската комисија по усвојувањето на контра-мерките.

Трамп претходно најави дека Вашингтон ќе ги прекине трговските врски со ЕУ, доколку Брисел возврати на неговите царини, за кои тврди дека се неопходни за заживување на производството во САД.

Сепак, вчера тој ненадејно реши „да го паузира“ воведувањето на некои од царините за увоз од стоки од десетици земји за период од 90 дена

Одобрив пауза од 90 дена и значително ги намалив реципрочните царини од 10 отсто во тој период, информира Трамп, додавајќи дека оваа одлука не важи за Кина за чиј увоз најави и дополнителни царини.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово ја поздрави ваквата одлука на Трамп оценувајќи ја како „важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“.

TAGGED:Садцарина
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Гол маж се шеташе кај Броз, брзо е уапсен
Следна статија Кина се потсмева со царините на Трамп: И капите МАГА се „Мејд ин Чајна“, поскапеа дупло

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

БИЗНИС

Русија го казни „Гугл“ со 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари

„Гугл“ треба да плати сума од 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари поради забраната на руските државни медиуми на Јутјуб, одлучи рускиот суд. Иако…

November 1, 2024
БИЗНИС

Групацијата 4иГ основа компанија во Македонија

По неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, унгарската компанија 4иГ (4iG Group) почна со подготовки за влез на…

October 18, 2024
БИЗНИС

Тежок удар за сајбер криминалците: Запленети се 3,5 милиони евра во криптовалути

Киберкриминалците ширум светот претрпеа големи нарушувања откако органите за спроведување на законот и судските органи, во координација на Европол и…

May 23, 2025
БИЗНИС

Доларот ослабе во однос на кошницата валути, еврото скокна повеќе од 2 отсто

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути драстично падна минатата седмица, при што еврото зајакна…

January 26, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?