strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Митева: Владеењето на правото е врвен приоритет на Владата, ќе бараме одговорност
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Митева: Владеењето на правото е врвен приоритет на Владата, ќе бараме одговорност
ПОЛИТИКА

Митева: Владеењето на правото е врвен приоритет на Владата, ќе бараме одговорност

Објавено April 10, 2025 19:57
strana.mk
Сподели
Сподели

На денешната емисија ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше портпаролката на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и се осврна на темата за правосудството. Митева посочи дека 2% доверба на граѓаните во правосудството е клучен показател дека реформите во оваа сфера се неопходно. Таа нагласи дека Владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата се приоритети на Владата, а реформите не се политичка игра и се од важно значење за правосудството. Митева напомена дека Владата ќе продолжи да бара одговорност, со посветеност на спроведување на правдата и примена на законски измени, а компромиси нема да има.

,,Довербата на граѓаните во оние 2% е најдобриот показател за тоа дека правосудството во целина, е можеби најслабата алка во целокупниот систем. Континуирано зборуваме дека исклучително ни е важно, како држава владеењето на правото и борбата со криминалот и корупцијата а тоа се надлежните институции кои што треба тоа да го спроведуваат“, вели Митева.

Митева истакна дека реформите во правосудството се неопходни и не станува збор за политички поени, туку суштинска потреба. Таа додаде дека многумина може да ја обвинуваат власта и да тврдат дека реформите се притисок од власта, меѓутоа тие можеби се оние кои имаат интерес од статусот-кво.

,,Кога имаме едни вакви примери и како низа други за жал само ни потврдуваат дека реформи во правосудството се неопходни. Не е тоа политика која ние на дневна база треба да ја користиме, за било какви политички поени и тоа сме го говореле и од аспект на опозиција го говориме и сега. Изминатиов период, ние како власт, и како владејачко мнозинството во рамките на парламентот започнавме иницијативи. Многумина не обвинуваа, многумина велеа дека тоа е еден притисок кој што го врши власта, но од друга страна јас не можам да се согласам со таквите констатации, јас ценам дека таквите констатации доаѓаат од луѓето на кои што можеби ваквата статус кво состојба им одговара во правосудството“, посочи Митева.

Митева продолжи и додаде дека мора да има и ќе се продолжи со барање на одговорност во контекст на интерпелациите за петте членови на Судскиот совет. Таа ја потенцираше и веќе покренатата постапка против јавниот обвинител, меѓутоа објасни и дека поради трагедијата во Кочани е стопирана, а спроведувањето на правдата и понатаму останува приоритет за Владата.

,,Ќе продолжиме ревносно да зборуваме за тоа, ќе продолжиме да бараме одговорност тие интерпелации кои што беа покренати во Собранието. Го видовме исходот остана, би кажала, она чувство на морална одговорност која што би требале да ја имаат тие пет членови на Судскиот совет кои што се избрани во рамки на Собранието. Покренавме и постапка против Јавниот обвинител односно дадовме предлог до Советот за јавни обвинители, меѓутоа, за жал трагедијата во Кочани го зема самиот фокус и тука не можеме да работиме со калкулација за тоа што е поважно. Се разбира дека спроведувањето на правдата во овој дел беше на врвот на приоритетите на нас како Влада“, децидна е Митева.

Митева истакна и дека реформите ќе продолжат, вклучувајќи законски измени и примена на забелешките од Оценската мисија, и дека владеењето на правото е врвен приоритет за Владата, без компромиси.

,,Ќе продолжиме ревносно да работиме на овој сегмент. Тука се и законските измени кои што се дел и од онаа реформска агенда, тука е и Оценската мисија која што беше направена и сите тие забелешки кои што треба да се применат и се разбира дека како Влада ќе бараме одговорност и ќе бидеме сигурно посветени дека наш врвен приоритет е владеење на правото. Компромис со ова не смее да има, имало во минатото многупати и тоа довело до оние 2% кои што ги спомнувате, а според мене се и многу помалку и од тоа“, заклучи Митева.

TAGGED:марија митева
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Потрес во светот на модата: Прада го купува Версаче за 1,25 милијарди евра
Следна статија (ВИДЕО) Д-р Даниловски со критика за претседателот на Македонското научно здружение за аутизам: Збришана е целата доверба на народот кон вакцините

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

ПОЛИТИКА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадровски решенија по заминувањето на Таравари

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашнава седница, на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата, го…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа

Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и…

May 1, 2025
ПОЛИТИКА

Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и другите големи објекти, бара ЛДП

Не може да се најдат вистинските зборови со кои ќе се опишат траорот и тагата од трагедијата која се случи…

March 20, 2025
ПОЛИТИКА

Грција бара од Владата да го користи уставното име

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот…

July 23, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?