Речиси 200 проектили се истрелани од Иран кон Израел, јавува Армиското радио. Сирените се активираа низ целата земја бидејќи се лансирани проектили-пресретнувачи за да ги соборат, објави Скај Њуз.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) во соопштение пред неколку минути рекоа дека нападот продолжува и побарале од цивилите „да останат во заштитен простор до понатамошно известување“. Привремено е затворен и воздушниот простор на соседниот Јордан, јавуваат државните медиуми.