strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Граѓаните најмногу се жалеле за пасошите, информира Народниот правобранител за 2024
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Граѓаните најмногу се жалеле за пасошите, информира Народниот правобранител за 2024
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните најмногу се жалеле за пасошите, информира Народниот правобранител за 2024

Објавено April 15, 2025 15:15
strana.mk
Сподели
Сподели

Најголемиот број поднесени претставки до Народниот правобранител минатата година (408 или 15,08 проценти) биле од областа на граѓанските состојби, каде се констатирани најголем број повреди, особено со издавањето на пасошите што беше проблем за македонските граѓани во првата половина на 2024 година.

Овој проблем засегаше илјадници граѓани кои масовно поднесуваа претставки по различен основ – неможност да закажат термин за фотографирање, бавна изработака и одобрување на патните исправи, пролонгирана испорака на веќе изготвените документи и слично. Неможноста да се добие патна исправа беше причина за прекршување на низа права – слобода на движење, стручно усовршување, здравствена заштита надвор од земјата, учество на спортски и други меѓународни настани, рече народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес-конференција на која го презентираше Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2024 година. 

Граѓаните во 2024 се жалеле со претставки и за повреда на права од работните односи, како и од областа на урбанизам и градба, а кај потрошувачките права најизразен бил проблемот со високи фактури за потрошена електрична енергија. 

Зибери истакна дека во областа на животната средина „се бележи значаен исчекор“ – и во однос на бројот на поднесените претставки, и во разноликоста на подобластите за постапување на Народниот правобранител. 

Граѓаните почнаа да поднесуваат претставки за сите сфери на животната средина, а не само за бучавата, пракса позната низ годините. Така добивме претставкии за загадувањето на воздухот, водата, но и за почвата. Народниот правобранител формира предмет по сопствена иницијатива, пред сѐ, за загадувањето на воздухот во 15 општини чии градови се на врвот на листата најзагадени градови во Европа и во светот. Од добиените одговори произлезе дека сите општини преземаат мерки за справување со загадениот воздух иако реалноста тоа не го потврдува. Затоа, оваа 2025 година, во соработка со невладините организации, со кои потпишавме меморандум, повторно ќе работиме на оваа тема, истакна Зибери на прес-конференцијата. 

Народниот правобранител лани добивал голем број претставки и од граѓани кои станале, како што рече, „жртви на правните лавиринти и правна нејаснотија“ откако Собранието ги изгласа измените на законите за облигациони односи и за извршување, а судовите и извршителите одбиле нив да ги спроведат во  пракса.

Сметам дека извршителите мораат доследно да ги применуваат законските одредби кои се однесуваат на висината на каматата и дозволената висина на одземање на средства на граѓаните (една третина односно една петина од плата или пензија), како и на делот кој се однесува на изземањето од извршување, рече Зибери.

Правобранителот апелираше надлежните институции во најкраток можен рок со соодветен закон „да ја пополнат правната празнина која ја создаде судот со укинување на одредбите од неколку закони и подзаконски акти, кои се однесуваа на вработувањата на немнозинските задници или познатиот балансер“.

Во еден систем во кој една од темелните вредности на уставниот поредок е принципот на соодветна и правична застапеност, не смее да има празнина по однос на истите. Најитно мора да се донесе најавеното законско решение со помош на кое ќе се создадат предуслови во институциите да се вработуваат припадници од сите заедници кои живеат во Република Македонија, рече Зибери. 

Во обемниот извештај за прекршени права во 2024-та, се евидентирани и поплаки поради проблем со уписите во матичната евиденција и повторно појава на т.н. фантоми т.е. лица без матичен број и можност за лични документи.

И покрај законските измени, по се изгледа дека има простор за унапредување во овој дел, затоа што и оваа 2025 година евидентираме претставки, а тоа укажува дека ако не се води сметка, многу брзо ние повторно ќе добиеме голема бројка на лица кои ќе бидат без матичен број, укажа народниот правобранител.

Како што рече, „по кој знае кој пат“ ја повторува констатацијата за нехумани услови во затворите кои се пренатрупани со осуденици, кои спијат „на смени“ и по ходници, живеат во хигиена на „многу ниско ниво“ и без здравствена заштита затоа што нема медицински кадар ниту психијатри, како ни доволно затворски чувари.  Сето тоа, посочи Зибери, доведува до нивни меѓусебни пресметки што ги става во ризик и вработените.

Процесот на ресоцијализација тапка во место, додаде Зибери, исто како и правото на образование. притоа посочи дека штитениците од ВПД „Тетово“  со години се оставени без образование. Укажа и дека и покрај донесените соодветни законски измени во овој ВПД да се создадат предуслови за сместување и на женските штитенички, тие и понатаму, рече, остануваат сместени во една несоодветна просторија во затворот „Идризово“. 

„Никакви позитивни поместувања“, истакна правобранителот, нема во водењето постапки пред управните судови иако со новиот Закон за управни спорови „беше најавено сосема спротивното“. Не е надминат ниту проблемот со комуникацијата, односно доставувањето на предметите и списите помеѓу судовите и со  органите на државната управа. 

Во судството генерално можам да кажам дека дури имаме и уназадување и за пример ќе го земам Апелациониот суд во Штип, кој не е во состојба да ги почитува роковите за одлучување по жалби, од причина што нема доволен број на судии. Овој суд, до март 2024 година, имал само четири од потребните 16 судии, од кои само еден судија во граѓанскиот оддел. Поради тоа, во овој суд подолг временски период не било можно да се формира граѓански совет кој би одлучувал по жалбите. Сето ова довело во овој суд да има енормен број на заостанати предмети, околу 2000 само од претходните години, рече Зибери.

Според него, управните судови треба да донесуваат мериторни одлуки, „односно пресуди во полна јурисдикција, а само во исклучителни случаи предметите да ги враќаат на повторно постапување пред органите на државната управа“.

Дополнително, да се измени Законот за управните спорови, во насока на тоа, судот да не може да носи одлуки без списите на предметот бидејќи таквиот начин на работење исклучиво е на штета на граѓаните, додаде Зибери. 

На прес-конференцијата тој посочи и на други повреди на правата на граѓаните за што имало претставки минатата година – неможноста на граѓани што работеле во Италија да остварат право на пензија зашто не е ратификуван билатералниот договор за пензиско и социјално осигурување, поплаки дека лани во некои старечки домови во државата им било ускратено правото за време на изборите да гласаат во установата, неможноста на децата со попречености во средно образование да имаат образовни асистент затоа што не беше донесен Законот за средно образование, како и ускатеноста на учениците со оштетен слух да следат содветна настава во специјализираното училиште „Партенија Зографски“ бидејќи голем број наставници не го знаат знаковниот јазик. 

Во однос на правата на детето, Зибери го истакна проблемот со децата на улица кои питачат и се надвор од образовниот систем и апелираше „државата да изнајде системско решение овие деца да се заштитат и да се тргнат од улиците“.

Во извештајната 2024 година, Омбудсманот постапувал по 3148 претставки, од кои 443 предмети биле пренесени од претходната година.  Од вкупно 2705 претставки заведени во 2024 година, во најголем број претставки (1006 или 37,19 отсто) граѓаните се жалеле на повреда на нивните права од страна на јавните служби и установи, 859 претставки (или 31,76 отсто) се однесувале на повреда на правата од централната власт, 276 претставки  – на повреда на правата од локалната власт, 185  – на повреда на правата од правните лица, во 102 претставки граѓаните се пожалиле на повреда на правата, како од централната, така и од локалната власт, а во 114 претставки подносителите се жалеле на повреда на правата од други субјекти. 

Обемниот и детален Годишен извештај за почитувањето и остварувањето на загарантираните права на граѓаните во 2024-та, Народниот правобранител го доставил во Собранието на 27 март.

TAGGED:жалбинасер зиберипасошиправобранител
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во објекти од затворен тип, утврди ДКСК
Следна статија Сопружници измамени за 824.000 денари – очекувале да добијат стан

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025
Костадинов: Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била чиста, питка и биохемиски исправна

Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го…

July 1, 2025

Костадиновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски…

July 4, 2025

Трамп вели дека е разочаран од разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека…

July 4, 2025

Македонски државјанин загина кај Суботица во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи…

July 4, 2025

Силувана 77 жена од радовишко

Во текот на вчерашниот ден полициски…

July 4, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека праќањето инспекција во училиштето „7 Март“ во тетовско Челопек е законско…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски: Во 2025 сите заедно посветено да работиме на обезбедување мир, стабилност и просперитет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски со видео-обраќање им ја честита на граѓаните Новата 2025 година. Во обраќањето Тошковски посочува…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Исчистен е патот од снег кој води до ски центарот Пониква

Исчистен е патот, кој води до ски центарот Пониква. Раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонијапат“-Штип, Тони Лазаров за МИА…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Големо отворање на „Македонско село“ на 19 јуни

„Македонско село“ на 19 овој месец и официјално ќе биде предадено на фирмата „Ла Тераца“, која Службата за општи и…

June 12, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?