strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани
ПОЛИТИКА

Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Објавено April 15, 2025 19:11
strana.mk
Сподели
Сподели

На денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците не помина иницијативата на Европскиот фронт за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани. За иницијативата гласаа четворица членови на Комисијата од Европскиот фронт и од СДСМ.

Пратениците од Европскиот фронт оценија дека со тоа што не е изгласана потребата за одржување на надзорна расправа, се бега од вистината и власта покажува дека не е гласот на народот.

– Жалосно е за тие млади души во Кочани и ќе им изразувам сочувство на нивните родители и роднини. Но, едно треба да знаат – неставањето на дневен ред на оваа иницијатива каде што сите институции треба да ја обелоденат вистината и треба да бидат транспарентни, не посакуваат да се стави на дневен ред, бидејќи позади ова стои вистината. Оваа иницијатива не ја гласате бидејќи Мицко е опфатен на индиректен начин во овој случај, додека Тошковски и неговите соработници се опфатени на директен начин во случајот во Кочани, рече Садула Дураку ид ДУИ.

Дураки неколку пати беше предупредуван од претседателот на Комисијата за политички систем Љупчо Пренџов дека изминало предвиденото време за процедурално обраќање, на што Дураки одговори дека нема маж, Влада и Собрание што може да му го одземе неговото право на збор по што уследи кратка расправија меѓу претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов и пратеникот од ДУИ Блерим Беџети.

Беџети потенцира дека ќе ги искористат сите средства што им ги овозможува Деловникот.

– Се бара само дебата, и мене ми е жал што не гласате да се дебатира за трагичниот настан во Кочани. Како ние ова да го разбереме? Ние треба да дебатираме и да гледаме дали ова е демократска држава или оди кон широк тоталитаризам. Ако оди кон широк тоталитаризам, тогаш Албанците ќе имаат збор, а не само пратениците, рече Беџети.

Пратениците од СДСМ нагласија дека не е време за собирање политички поени и дека досега во Собранието не се случило да не биде дадена можност да се одржи надзорна расправа.

– Нека Обвинителството продолжи да си работи, но, ние како пратеници мора да кажеме дали сакаме или не сакаме да излезе вистината на површина. Никаде не пишува во Деловникот дека ви се дозволува да ја отфрлите иницијативата. Треба да ја разгледаме и на крај да гласате и ако не сакате да има надзорна расправа да гласате и да ја отфрлите. Но никаде не пишува дека можете да играте на ваков начин, рече Фатмир Битиќи од СДСМ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од „Влен“ истакнаа дека тоа што не гласале не значи дека се против одржување на надзорна расправа, туку се за опфаќање и на сите други претходни трагедии како Модуларната болница во Тетово, „Беса транс“….

– Ние не гласавме за овој предлог, не бидејќи сме против да се расправа за трагедијата што се случи во Кочани, меѓутоа бараме истовремено да се дебатира и за другите трагедии што се случија во последните 4-5 години. Не можеме да изоставиме дискусија за настаните во Модуларната болница во Тетово каде починаа 45 луѓе, за автобуската несреќа на Беса транс. Ако системот е дисфункционален, значи дека треба да ги чепкаме сите теми. Првиот преседан се случи во претходниот мандат. Јас бев претседател на Анкетната комисија за правата и слободите на граѓанинот, закажав дискусија со сите материјали, се обратив до министерствата, институциите, донесоа писмени извештаи и закажавме редовна седница на Анкетната комисија за дискусија за несреќите со „Беса транс“ и Модуларната болница во Тетово. Претседателот на Собранието ја суспендираше работата на Комисијата. Значи, првпат во парламентарната историја на оваа држава се случи суспензија на работата на матичната комисија. Никогаш во историјата не се случило. Сега истите лица кои суспендираа таква седница, сега бараат принцип. Нема никаква логика. Ќе се дискутира, ама за сите несреќи заедно, рече пратеникот на „Влен“, Халил Снопче.

Пратениците на Движењето ЗНАМ потенцираа дека додека има активна истрага за случајот во Кочани, Собранието не би било добро да одржи надзорна расправа оти, тоа, како што нагласија, би било како вршење притисок и мешање во овој процес.

– Партијата ЗНАМ смета дека треба да се разговара за сите несреќи што се случиле. Мислам дека е сосема неумесно додека има активна истрага во овој момент, Собранието да се меша на овој начин во работата на истражните органи. Зарем во овој момент не би било апсолутен притисок врз Обвинителството и судството и директно мешање ако ние паралелно додека процесот е се уште активен, спроведуваме таков тип на политички дебати. Мислам дека треба да заврши процесот и потоа да го направиме надзорот. Никој не бега од одговорност, но ми се чини дека ваквите реакции всушност се еден начин за бегање од одговорност со оглед на широчината и на опфатот на истрагата што во овој момент се случува, рече Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека се не се против надзорна расправа, но дека таа треба да се одржи откако ќе зварши истрагата и тогаш да се разговара не само за Кочани, туку и за останатите несреќи.

– Оној момент кога истрагата ќе заврши, тогаш ќе се договориме да направиме надзорни расправи и за модуларната болница во Тетово,„Беса транс“…., рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица. Во пожарот на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 61 лице, а околу 200 млади луѓе беа повредени. Девет лица од повредените се лекуваат во болници низ Скопје, а 47 во странство.

TAGGED:дуикомисијакочанинадзорна расправа
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Коцевски: Издадена е наредба за приведување на уште седум полициски службеници, истрагата се проширува
Следна статија Фудбалерот Гудељ и Анастасија купија вила во Севиља, еве кој прв им дојде на гости

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

Фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден е убиен во терористичкиот напад во Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди…

December 15, 2025

(ВИДЕО) Најмалку 10 загинати во масакрот на плажа во Сиднеј, уапсени се двајцата напаѓачи

Најмалку 12 лица се убиени, а…

December 14, 2025

(ВИДЕО) Тепачка во ОУ „Дитурија“ во Сарај: Шест ученици претепаа други двајца

Како што информираат од МВР, вчера…

December 13, 2025

(ФОТО) Објавени нови фотографии со Епштајн со Трамп, Клинтон и Гејтс

Демократите во петокот во Претставничкиот дом…

December 13, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка

Сопругот на државната секретарка во Министерството за дигитална трансформација, Гордана Клинчарова, добил два тендери во истото министерство во вредност од…

March 10, 2025
НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Мицкоски: Најпрво потврда на коалицијата, потоа кандидати за градоначалници на Центар и Куманово

Прво ќе ја потврдиме внатрешната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со политичките партии, а потоа ќе продолжат разговорите и со коалициските владини…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

ВИДЕО: Инцидент на Комисијата за финансирање и буџет, избегната физичка пресметка меѓу пратеници

Многу малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за…

November 15, 2024
ХРОНИКА

Малолетник со нож избодел дете во Кочани

На 19.11.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди…

November 20, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?