strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БАЛКАН > Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
БАЛКАН

Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа

Објавено April 18, 2025 09:28
strana.mk
Сподели
Сподели

Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград.

Според најавите на студентите, блокадата ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) или додека не се прекине емитувањето програма од РТС.

Пред централниот објект на РТС во центарот на Белград студенти во блоакда и граѓани   со свирчиња и вувузели изразуваа незадоволство од работата на Јавниот сервис.

Програмската шема на РТС се емитува отежнато, уредништвото веќе неколкупати повика на прекин на блокадата.

Студентите во блокада синоќа најавија дека Велигден ќе го дочекаат пред Радио и телевизија на Србија и ги повикаа граѓаните да им се придружат во тоа.

„Овој празник го дочекуваме под ведро небо пред РТС, бидејќи сметаме дека борбата за вистината не смее да престане ниту за време на празниците. За сите овие денови на блокада, станавме семејство… И вие сте дел од тоа семејство, вие сте со нас. Нашиот Велигден е и ваш“, пишува во објавата на Студентите во блокада на нивниот Инстаграм профил.

Тие испратија писмо до Одборот за култура и информирање во кое ги известуваат дека блокадата и протестот пред РТС ќе продолжат се додека не објават јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ (регулаторно тело за електронски медиуми).

„Од понеделникот во 22 часот трае незаконската блокада на објектите на Радио и телевизија на Србија поради што вработените се оневозможени да влезат на своите работни места, РТС го прилагодува програмскиот распоред поради тешките услови за работа“, објавија од РТС на Х.

TAGGED:блокадаРТССтуденти
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно
Следна статија РЕАКЦИЈАТА НА МR. GIANT НА „ЗАЈДИ, ЗАЈДИ“ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ: Човече, ова е феноменално!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

БАЛКАН

„Амнести интернешенел“: Србија користи софтвер за шпионирање на активисти и новинари

Српските власти инсталирале домашен шпионски софтвер на телефоните на десетици новинари и активисти, се вели во извештајот објавен во понеделникот…

December 16, 2024
БАЛКАН

ЕУ сака мигрантите да ги прати во Косово

Европската комисија ќе предложи седум „безбедни трети земји“ во кои членките на ЕУ ќе можат да ги враќаат барателите на азил, стои во документ што го видел сајтот „Еурактив“. На…

April 16, 2025
БАЛКАН

Познат готвач најден мртов во Белград: Ова е мажот чие тело е пронајдено во изнајмениот стан

Алексеј Зимин (52), сопственикот на познатиот ресторан „Зима“ во елитниот дел на Лондон во Сохо, пронајден е мртов во изнајмен…

November 13, 2024
БАЛКАН

Осуммина загинаа во несреќа на железничката станица во Нови Сад

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека осум лица загинале во несреќата предизвикана од уривањето на…

November 1, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?