Денеска околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат с.Миравци- с.Давидово, патничко возило „бмв“ со гевгелиски таблички управувано од 19-годишниот Т.П. од с.Миравци, гевгелиско, излетало надвор од коловозот.
„На местото на настанот починал Т.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, информираат од МВР.