strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Како се пресметува Велигден и зошто не е секоја година на исти ден?
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Како се пресметува Велигден и зошто не е секоја година на исти ден?
МАКЕДОНИЈА

Како се пресметува Велигден и зошто не е секоја година на исти ден?

Објавено April 19, 2025 14:02
strana.mk
Сподели
Сподели

Велигден не е обичен празник што секоја година паѓа на ист датум – тоа е празник со подвижна дата, што секогаш се празнува во недела, но во различен период од годината. Денот е постојан, но датумот се менува. Таа недела може да биде во април или во мај. Како тогаш се одредува кога точно ќе биде Велигден? Одговорот се наоѓа во старата црковна традиција и законите на вселената, кои се усогласени уште во првите векови на христијанството.

Светата Црква го определува Велигден според строго утврдени правила, донесени на Првиот и Шестиот вселенски собор. Суштината на пресметката е следна: Велигден се празнува секогаш во првата недела по првата полна месечина што доаѓа по пролетната рамнодневница. Таа недела секогаш следува по јудејската Пасха, но никогаш не се совпаѓа со неа, ниту претходи. Тоа е причината зошто Велигден секоја година “преминува” – може да се падне од 4 април до 8 мај, на 35 можни датуми.

Во самите почетоци на христијанството, Велигден бил првиот и најважниот празник – стар, почетен и централно поставен во верата. Но, три века имало неединство меѓу христијанските цркви кога точно да се празнува. Источните цркви – Ерусалимската, Антиохиската и Александриската – го празнувале според датумот на старозаветната Пасха, секогаш на 14-тиот ден од првиот пролетен месец, без разлика дали тој паѓал во вторник или петок. Христијаните од Запад, пак, сметале дека тоа не е соодветно – дека најголемиот христијански празник не треба да се совпадне со јудејскиот, и решиле Велигден да се празнува секогаш во недела, веднаш по пролетната полна месечина.

Ова несогласување довело до поделби и длабоки спорови. Двете групи добиле дури и имиња – едните биле наречени „четиринаестодневници“ (кватродецими), а другите „неделници“ (доминикани). За да се надмине ова, Првиот вселенски собор во Никеја, во 325 година, донел одлука: Велигден да се празнува во првата недела по Пасхалната полна месечина, која е по пролетната рамнодневница, и секогаш по еврејската Пасха. Воскресението Христово е нова Пасха, а не продолжение на старата.

Ова правило е валидно и до ден денес. Велигден е празник што не го диктираат луѓето, туку вселената – поврзан е со движењата на Сонцето и Месечината, и затоа се вели дека е од космичко значење. Воскресението Христово е дел од вечноста, исто како што Земјата непрестајно се врти околу Сонцето. Велигден, на тој начин, станува симбол на вечноста, светлина над времето, празник над празниците.

Со Велигден се поврзани и голем број празници, што или му претходат, или следат по него. Прочка секогаш е точно 50 дена пред Велигден, а Дуовден (Педесетница) – 50 дена по него. Спасовден е 40 дена по Воскресението, Цветници се прославуваат неделата пред Велигден, а Лазарева сабота е ден претходно. Потоа следуваат „неделите по Дуовден“, од прва до триесет и прва – втората. Сите овие датуми се пресметуваат според Велигден – тој е центарот околу кој се врти целиот црковен календар.

Иако на Соборот било решено кога ќе биде Велигден, со текот на времето настанале нови несогласувања – овојпат околу тоа во кој час започнува Воскресението. Западните христијани сметале дека Велигден почнува точно на полноќ, додека источните го започнувале малку подоцна – во 1 часот или во 4 часот наутро. Тоа траело до Шестиот вселенски собор во 680/681 година, кога било решено: Велигден започнува веднаш по полноќ, на влезот во недела. Оваа одлука го вовела заедништвото – целиот христијански свет почнал да го слави Велигден во исто време.

Но, зошто токму полноќ? Зошто не во утринските часови, кога жените мироносици отишле на гробот? Евангелијата не кажуваат точен час на воскресението, но сите велат дека тоа се случило “многу рано”, “во зори”, “уште додека беше темно”. Христос, според Своите зборови, требало да остане во срцето на земјата три дена, како Јона во утробата на китот. Затоа, Воскресението можело да биде само по полноќ, а не пред неа. Полноќ, според црквата, е симболично време – момент на премин, време што укажува на сила, не на немоќ, на светлина, не на темнина.

Целиот свет, на тој момент, го исповеда своето верување – Христос воскресе! – Вистина воскресе! Тоа е најмасовната, најгласната и најдлабоката изјава на вера што христијаните ја даваат секоја година. Не само еден на друг, туку на целиот свет му се објавува дека Христос не е во гробот, туку воскресна. Ова јавно сведоштво го прави Велигден вистински Празник над празниците.

Пресметките за датумот на Велигден се нарекуваат Пасхалии или Велигденски таблици. Првите такви пресметки ги направил свети Теофил Александриски во 385 година, а понатаму ги усовршил свети Кирил Александриски. Во 526 година, Дионисиј Мали ја направил најпрецизната Пасхалија, усогласена со јулијанскиот календар. Таа пресметка важи и денес. Станува збор за Велигденски круг, наречен и Голем индикт, кој трае 532 години. Кога ќе заврши, се повторува – истите датуми за Велигден се враќаат по тој круг.

Овој број е добиен со множење на сончевиот круг (28 години) и месечевиот круг (19 години): 28 x 19 = 532. Ние сега сме во 15-от круг, кој започнал во 1941 година и ќе трае до 2472 година. Почетната година на пресметките не е од Христовото раѓање, туку од создавањето на светот – 5508 години пред Христа.

Најрано, Велигден може да падне на 4 април, а најдоцна – на 8 мај. Во сегашниот круг од 532 години, петпати се случува Велигден на 4 април (како во 2010, 2105, 2200…), а четири пати на 8 мај (како во 1983, 2078…). Денес, со помош на компјутерски алатки, лесно можеме да го знаеме датумот на Велигден за која било година или век.

Иако православните цркви користат два различни календари – Јулијански и Грегоријански

TAGGED:велигден
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија СДСМ го лажеше народот иако знаеше дека уставните измени не се последното барање од Бугарија – велат од ВМРО-ДПМНЕ
Следна статија Јагнешкото годинава луксуз – колку чини празничната трпеза овој Велигден?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска…

June 20, 2025

Николоски: Просекот на поминување по пругата сега е 12 часа, затоа ни е потребна изградба на нова, брза пруга

Има физибилити студија за брзата пруга…

June 20, 2025

Завршни зборови утре ќе дава Јовица Страшевски

Во случајот со убиствата на Вања…

June 19, 2025

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој…

June 19, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Македонија. Фидани беше избран…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Вевчанскиот карневал е национален бренд, да го негуваме и да ја одржуваме традицијата

Вевчанскиот карневал е многу важен не само за Вечвчани, туку и за Република Македонија. Тој е национален бренд, нешто што…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија. Вајц, кој доаѓа од Европските зелени,…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Лимани: Ја зголемуваме поддршката и инклузијата на ранливите категории граѓани

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на петата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено…

November 4, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?