Денеска почина познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов.
Вестта за смртта на на социјалните мрежи ја сподели неговиот колега, продуцентот и автор Валентино Скендеровски.
Поп Симонов во својата плодна кариера соработуваше со бројни македонски, но и регионални изведувачи меѓу кои: Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, Ена Веко, „Фрајле“ и Алка Вуица.
Неговите пријатели се простуваат од него со зборовите:
Човек кој допре, заигра и стопли милиони срца, денеска неговото не издржа. Тоше Поп Симонов ќе живее вечно преку своето дело и поменот кој го остави кај сите кои го познаваа. Нека му е вечна слава!
Погребот ќе се одржи во вторник на 22.04.2025 на градските гробишта во Бутел.