Охридскиот бизнис сектор се соочува со недостиг од стручен кадар.Миграциите се поинтензивни, младите масовно се иселуваат од државата. Компаниите од приватниот сектор во недостиг од квалификувани работници спасот го гледаат во новиот закон кој ќе донесе ангажирање на пензионери без губење на социјални бенефиции, објави Сител.
Претседателот на Стопанскаta комора Азески истакна дека ќе се работи на Платформа за враќање и спречување на одливот на мозоци од земјата.
Од Стопанската комора посочуваат дека потребно е да се спроведат сериозни реконструкции во образовниот систем, акција за возобновување на институтите кои треба да се дигнат на повисоко функционално ниво, и секако пари – со кои ќе интервенира државата да се задржи стручниот кадар.