strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Анализа: Се очекува забрзување на инфлацијата и зголемување на ценовниот притисок?
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Анализа: Се очекува забрзување на инфлацијата и зголемување на ценовниот притисок?
ЕКОНОМИЈА

Анализа: Се очекува забрзување на инфлацијата и зголемување на ценовниот притисок?

Објавено April 23, 2025 09:00
strana.mk
Сподели
Сподели

Иако статистиката за март покажува негативна инфлација на месечно ниво, експертските прогнози сигнализираат дека инфлацискиот притисок годинава ќе се засили. Анкетата на Народната банка со економски аналитичари укажува на тренд на забавување на економскиот раст, но истовремено и на зголемени ценовни очекувања, пишува Порталб. Според резултатите од последната Анкета за инфлациски очекувања, се предвидува просечна стапка на инфлација од 3,7% во 2025 година, што е зголемување во однос на претходната анкета кога се очекуваше инфлација од 3%.

Аналитичарите предвидуваат дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува во наредните години, но со побавен темпо. За 2026 година се очекува инфлација од 3,1%, а за 2027 година пад до 2,7%.

Економски раст со надолен тренд

Паралелно, се очекува забавување на економскиот раст. Според проценките, растот на БДП за оваа година ќе изнесува 3,1%, што е намалување од 3,3% според претходната анкета. За 2026 година се очекува раст од 3,5%, а за 2027 година забрзување до 3,8%.

Намалувањето на прогнозите се должи на глобалните економски ризици – од трговски тензии до рецесиски закани кај клучни економски партнери како Германија. Забавените инвестиции, затворањето фабрики и зголемената невработеност се дел од факторите што создаваат неизвесност.

Месечна инфлација „во минус“, но цените на пазарите не попуштаат

И покрај негативната инфлација од -1,3% во март во однос на февруари, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека ценовниот раст останува присутен на годишно и квартално ниво.

Во првиот квартал од 2025 во споредба со истиот период лани, трошоците на живот се зголемени за 4,2%. Намалувањето во март е забележано кај повеќето прехранбени производи – леб, млеко, месо, шеќер – но цените на овошјето пораснале за 3,8%.

Квартални податоци за прехранбените производи:

Производ Март/Февруари I кв. 2025 / I кв. 2024
Храна -2,9% +4,1%
Леб, жита -2,9% +1,8%
Месо -3,8% +3,9%
Млеко, сирење -3,0% +5,8%
Масла и масти -1,7% +11,6%
Извор: Државен завод за статистика

Како што се гледа, месечниот пад не го анулира порастот на трошоците во споредба со истиот период лани. Особено изразен е растот кај маслата и мастите (+11,6%), како и кај млечните производи (+5,8%).

Земјоделски цени со растечки тренд

Ценовниот притисок продолжува и кај излезните земјоделски производи.

Според податоците за февруари 2025 во споредба со истиот месец од 2024:

Цените на растителното производство се зголемиле за 9,7%Кај зеленчукот има раст од 11,9%

Кај вината – 13,7%

Кај овошјето и грозјето – 4,9%

Владата ја објаснува негативната инфлација во март со мерките за замрзнување на маржите и цените, но податоците покажуваат дека ефектите од тие мерки се привремени и селективни.

TAGGED:Анализаинфлацијамакедонијаценовен притисок
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Маск ќе го сврти вниманието на „Тесла“, бидејќи профитот на компанијата се намалува
Следна статија Разбиена мрежа од 50-на лица: Обемна акција на БЈБ за корупција во здравствениот систем, преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој…

June 19, 2025

Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран…

June 19, 2025

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување…

June 19, 2025

Што се случува со СДСМ?

Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни…

June 19, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е почнато доделувањето ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди,…

November 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Овошјето станува луксуз, еве за колку поскапело само за една година

Македонија се соочува со повисоки цени. Проблем, недоволното домашно производство. И она што го имаме, нема кој да го работи.…

May 8, 2025
НАСЛОВНИ

Очекуван пораз: Франција сепак е пресилна, Македонија добро се држеше

Ракометната репрезентација на Македонија беше поразена со 32-25 (18-14) од Франција на последниот меч од главната фаза на Светското првенство.…

January 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска…

February 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?