Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.
Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.
„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.
За инцидентот проговори и ИНА.
„Можеме да потврдиме дека на поморската бензинска станица ИНА во пристаништето Крижна Лука на Хвар, во текот на ноќта дошло до ненадејно истекување на дизел гориво од резервоарот. Веднаш откако било забележано истекувањето, во текот на утрото биле активирани сите пропишани протоколи. Сите специјализирани служби за итни случаи се на терен и со нас работат на санирање и спречување на горивото во околината“.
Хрватските медиуми пренесуваат дека количината на нафта која се излеала била 17 тони.