Тензично беше на четвртиот натпревар од плеј-офот помеѓу Голден стејт и Хјустон каде што домаќинот победи со 109-106 и тповеде со 3-1 во серијата.
Во текот на втората четвртина на седум минути пред крајот дојде до судир помеѓу Стеф Кари и Дилон Брукс. Брукс го фаулираше Кари, а кога можеше едноставно да се сврти и да замине одлучи да се обиде да му ја одземе топката. Тука се ескалираше.
Грин веднаш дотрча да го заштити Кари и дојде до турканица во која учествуваа повеќе кошаркари.На крајот сите тројца – Кари,Грин и Брукс добија технички грешки.