strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав

Објавено April 30, 2025 21:07
strana.mk
Сподели
Сподели

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани. Пандов смета дека тоа е чин на одмазда за борбата со затворскиот криминал што тој ја почнал откако дојде на функцијата.

-На што се должи? Се должи на кукавичлукот и на стравот кој што го имаат сега одредени затвореници, од притисокот кој што го имаат со промената на власт, имено привилегиите кои претходно ги имале сега ги имаат изгубено. Зошто? Затоа што ја постапувам само по слово на законот, односно она што наложува законот и правилниците за работа на затворите јас стриктно барам од директорите и затворската полиција да го применуваат. Секој еден затвореник кој го почитува словото на законот, кој го почитува куќниот ред, знае дека во мене има пријател и обратно оној кој мисли дека е шериф и дека негов е затворот и може да прави што сака – е мој непријател. Овие девет месеци функционирање, сигурно сум стекнал одредени непријатели кои преку овој начин пораката која што е пратена е да ме заплашат мене, а на крајот на денот да ја заплашат и Владата. Не, не, немам никаква двојба, затоа што јас и од претходно имав, тоа се муабети јас не сум имал стриктни докази меѓутоа имало такви разговори конкретно околу палење, околу други потешки кривични дела, рече Пандов на вечерашното гостувар на „Тема на денот“ на Телевизија Сител.

Според него, изминатиот период до него доаѓале гласини за кои немал материјални докази, дека нешто лошо ќе му се случи, односно дека затвореници му подготвуваат нешто лошо.

-Не сум имал директни закани, предупредувачки закани преку сознанија од затвореници, од вработени во затворите дека одредени затвореници разговараат како да ми наштетат. Да бидеме на чисто, јас имам над 50 години, на еден човек јас во животот лошо му немам направено, ниту сум му должен на некого. Ова не е атак на Александар Пандов. Ова е атак на директорот на Управа за извршување санкции. При тоа, како таков јас сум назначен од Владата и овој е доказ дека Владата преводена од Христијан Мицкоски, онаа борба која ја има започнато против корупцијата и криминалот, ги има заболено бандитите кои се во затворите и надвор од затворите. Имам одредени лица поврзани со кој тип на криминал. Со тоа што и вчера и денеска имаше екипи од МВР, од Обвинителство, од форензика, се што треба да дојдат да направат увид. Нема да дозволам моите претпоставки јавно да ги споделувам, меѓутоа имам основано сомневање и на тие треба да им биде јасно дека се задолжиле многу кај мене и дека ако ми се докаже дека е некој од нив – до крајот на нивниот живот ќе го плаќаат тој долг. Повторно ќе кажам – ниту ме уплашиле, ниту педа мислам да се повлечам од ова ниту јас ниту претседателот на Влада Мицкоски. Меѓутоа, дека жестоко ќе биде одговорено на ова и на тие бандити и криминалци кои го имаат направено ова и кои мислат дека можат вака да се однесуваат во Македонија и уште повеќе сум решен и поспремен она што го правам да го правам и понатаму.

Пандов нагласи дека одредени затвореници им нуделе и по 20 илјади евра на затворските стражари за да стигнат до телефон, а на тоа искушение некој потпаѓал, а некој не. Тој рече и дека одредени затвореници се однесувале како да се газди на затворите, ги тепале затворските полицајци и се занимавале со лихварство.

-Вие како затвореник можете да го поминувате затворскиот период на еден или друг начин. Ако вие го корумпирате системот, вие може да живеете во затворот буквално како, јас начекав таков систем во одредени затвори одредени затвореници беа шерифи-газди на затворите. Нема затворски полицаец кој го немаат натепано, рекетирано, лихви. Тој комодитет го немаат тие затвореници. И секој еден кој што јас кога ќе дознам дека направил нешто против затворски полицаец или ги малтретирал останатите затвореници, тој има одредени места каде што може да биде преместен и каде верувај ми не е пријатно да бидеш сместен. Најопасните такви затвореници, односно кои не сфатија дека нема да биде како на Али Ахмети како досега, дека е друга власт која е стриктно решена да не биде корумпирана и до крај да се бори против таквиот начин на функционирање не само во затворите туку и надвор од нив, тие првин се обидуваа со поткуп, доаѓаа разно-разни емисари нудеа пари. Мене лично. Ми понудија суми со четири нули. Многу пари се вртат во затворите. Трагедијата на ова не се само тие виновни. Она што мене уште повеќе ме прави бесен е тоа што некој корумпиран затворски полицаец му дал на некој таков затвореник телефон за тој да може да се јави и да го нарача ова што го направи, рече тој.

Директорот на Управата за извршување санкции потенцира дека помислил и на тоа еден ден да влезе во автомобил и да летне во воздух, но посочи дека бил свесен што го чека кога одлучил да ја прифати функцијата да ја извршува.

-Сум помислил и на тоа. Сепак тоа е за луѓе, на крајот од денот. Мене државата ме штити толку колку што може. Меѓутоа, не постои начин ако некои бандити се решиле вас да ве решат, 24/7 во 10 луѓе треба да стојат околу мене. Таков ризик постои. Меѓутоа, јас сум бил свесен кога сум се нафатил на оваа функција да ја извршувам и со чиста свест тоа го правам. Дали постои таква можност? Да. Не само што постои можност. Има поозбилни закани, меѓутоа, тоа е тоа. Закани за убиство, рече тој.

Пандов ги кажа деталите како дознал за палењето на неговата викендичка во Орешани и потенцира дека тотално се што било внатре било изгорено.

-Јас не сум таму околу четири години, меѓутоа претходно некои шест-седум години сум живеел 365 дена во годината 24/7 бев таму и таа мене ми е буквално втор дом. Не беше викенд куќа во која покуќнина кога сум реновирал дома сум ја однел таму. Напротив, таа беше 2008 година темелно внатре реновирана и беше во супер состојба. Јас дознав околу шест часот. За жал, она било запалена околу 12 или еден. Така е поставена каде комшиите не се таму лево-десно. Безмалку прв комшија имам на 200 метри. А повторно ќе речам во рани утрински часови, не се утрински туку ноќни часови, и во текот на денот поминувала некоја комшија-комшивка таму и видела дека е изгорено. Се беше стопено внатре. Немаше систем за виде надзор. Не, ама ќе ги дознаеме. Тотално се е изгорено. Индиции постојат и МВР е ангажирано. Комодитетот кој го имале, тие го имаат скршено веројатно на приземјето има тераса во која што имаше врати за излегува, стаклото го имаат скршено, влезено, полевале со бензин веројатно и тоа е тоа, рече тој.

Пандов истакна интервентна единица оди на претреси по затворите и откриле дека кај над 50 отсто од затворениците во затворите поседувале телефони.

-Месециве наназад имаме интервентна единица и таа интервентна единица постојано оди и прави претреси во затворите. Минатата недела првпат се случи да прават претрес во затворот во Битола и при тоа кога одат тие да прават претреси никој не знае ниту директорот, ниту заповедникот, никој. Јас се слушам со командирот на единицата и му кажувам каде да оди. И не најдоа ниту еден телефон. За жал, во одредени затвори и понатаму над 50 отсто од затвореници имаат телефоните. До што е? Најверојатно е до системот и како тоа некои таму функционираат во тој систем и веројатно на овој затвор и затворската полиција и луѓе од ресоцијализација си ја сфатиле работат како што треба и ја тераат, рече тој.

Пандов истакната дека денови се во прашање кога алките кои ќе бидат ставени на нозете на осудени лица кои затворската ќелија ќе ја заменат со куќен затвор и ќе бидат под 24-часовен електронски надзор, ќе бидат ставени во функција. Директорот Пандов е оптимист дека до крајот на годината ќе заврши се за да почне е изградбата на втората фаза на Затворот Идризово. Тој потенцира дека пред неколку дена работната група го завршила новиот Закон за пробација.

TAGGED:Александар Пандовбандизатвор
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија УЖАС: Охриѓанец (50) повеќе пати силувал малолетничка помала од 15 години, девојчето во март се породило
Следна статија Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Децата се враќаат во ученичките клупи: Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025

По тринеделен зимски распуст, денеска за основците и за средношколците почнува второто полугодие од учебната 2024/2025 година. Учебната година ќе…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Разрешена Миликије Халими – директорка на „Аеродроми“

Миликије Халими, околу која се испреплете голема контроверзност за тоа дали ги има потребните квалификации за таа позиција, не е…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Белград бесплатен јавен превоз, во Скопје никаков

Главниот град на соседна Србија за помалку од две недели ќе добие бесплатен јавен превоз. Скопје „е далеку“ од Белград,…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски пред Кошта: Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции – патот е фрустрирачки, а уште не почнал

„Треба да го испорачаме она за што сме се договориле и веќе нема простор да се бара нешто повеќе“, одговори…

May 15, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?