strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: „Немаме земено плата за март и ги поминавме и Велигден и 1 мај без плата: Вработените во ЗОО на протест
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Немаме земено плата за март и ги поминавме и Велигден и 1 мај без плата: Вработените во ЗОО на протест
МАКЕДОНИЈА

„Немаме земено плата за март и ги поминавме и Велигден и 1 мај без плата: Вработените во ЗОО на протест

Објавено May 2, 2025 14:33
strana.mk
Сподели
Сподели

Вработени во Зоолошката градина-Скопје за време на паузата излегоа на протест пред установата за да ги повикаат надлежните институции – Министерствотио за култура и туризам и Град Скопје да им ја исплатат платата за март. 

Миле Таневски, претседател на синдикатот во ЗОО-Скопје, рече дека не знаат зошто Министерството не им исплатило плата, ниту каде е настанат проблемот, со оглед дека дел од други локални институции  веќе зеле мартовска плата. Нагласи дека не обвинуваат никого туку си ја бараат заслужената плата. Речиси педесетте вработени во ЗОО последната плата ја зеле пред 45 дена и се соочуваат со прекин на здравственото осигурување. 

– Овој протест не го правиме против никого, не е ни против Култура, ниту против Градот, како што имаше препукувања преку некои медиуми. Овој протест е да нè видат дека ние немаме земено плата за март и ги поминавме и Велигден и 1 Мај без плата. Последната ја зедовме пред 45 дена. Поради неземена плата на време, од вчера изгубивме и здравство, а имаме колеги што се на боледување. Ги замолувам надлежните што поскоро да најдат модус што поскоро да ја земеме платата за да не дојдеме до поголеми штрајкови. Има и судови и ќе поднесеме и претставки. Си ја бараме заслужената плата, а како и по кој основ ќе биде исплатена, дали по старо или по ново, за тоа има синдикат, има Влада и Министерство и тие ќе одлучат како да биде исплатена – изјави Таневски. За натамошните чекори што ќе ги преземат, рече, ќе се договорат во колективот. 

Неговиот колега Мирослав Станковиќ, ЗОО-негувател, додаде дека не излегле на протест туку за време на паузата да пратат порака да им се реши проблемот. 

– Нашата работа не е лесна, надвор сме на сите временски услови и сме склони кон повреди секој ден, а сега веќе немаме ни здравствено осигурување. ЗОО-Скопје е подолго време арена за политички пресметки и препукувања меѓу сите политички чинители, на локално и на централно ниво. Нас тоа не нѐ интересира. Не сакаме ни протести туку решение зашто при крај ни се финансиските средства – истакна Станковиќ.  

Поддршка добија и од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), чиј претседател, Јаким Неделков, излезе со нив пред ЗОО. Тој соопшти дека застојот е надминат кај институциите од културата на централно ниво и тие веќе ја примиле платата за март. Побара итно решение за ЗОО-Скопје или, рече, од утре веројатно вратите на установата ќе бидат затворени за посетителите. 

– За жал, дел од институциите коишто се на локално ниво од засега непознати причини сè уште немаат земено плата. Апсолутно е ирелевантно која е причината, многу е важна фактичката состојба. Вработените овде испоснички го поминаа и Велигден и 1 Мај и трпението на овие луѓе е при крај. Од денеска веќе немаат ни здравствено осигурување, тоа во најмала рака е нехумано зашто се секојдневно изложени на повреди. Итно мора да се најде решение за овој проблем. СОНК ќе ја земе работата под свое, оваа наша толеранција и коректност кон надлежните веројатно некој ја толкува како наша слабост. Апсолутно не е така зашто доколку не се исплати платата, од утре и натаму и вратите на ЗОО веројатно ќе бидат затворени – изјави Неделков.

На прашање дали за проблемот разговарал со директорот на ЗОО, одговори дека добил информација оти тој не е на работа.

– По оваа прес-конференција очекував да имаме средба со директорот, но не е тука. Денеска писмено ќе се обратиме и ќе бараме итно средба со директорот, и не само со него туку и со други директори каде што сè уште има проблем. Директно, директорите се надлежни за исплата на плата, кој е виновен по хиерархија нагоре, нас во моментов не нѐ интересира – рече претседателот на СОНК соопштувајќи дека според негови информации и другите локални установи од културата кои се под Град Скопје немаат земено мартовска плата

TAGGED:вработенизоолошка градинаплатапротест
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски најави засилени контроли: Нема да дозволиме трикови за зголемување на цените
Следна статија Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој…

June 19, 2025

Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран…

June 19, 2025

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување…

June 19, 2025

Што се случува со СДСМ?

Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни…

June 19, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Амбасадорката Агелер изрази сочувство за настраданите во Кочани

Амбасадорката на САД Ангела Агелер изрази сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а на…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството

Истрагата за пожарот во Кочани е во тек и ќе одговара секој еден без оглед дали сторил или не сторил…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерство за култура и туризам: Исплата на платите е во тек и ќе заврши денеска

Министерството за култура и туризам денеска соопшти дека исплатата на платите за вработените во институциите од областа на културата во…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски од ГП „Маркова нога“: Треба да се поврзуваме, само така ќе бидеме во оптиката на поголемите држави

По повеќе од 50 години денеска почнаа градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница.…

March 12, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?