strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Прв говор на новиот папа: Да си помагаме едни на други, да градиме мостови
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Прв говор на новиот папа: Да си помагаме едни на други, да градиме мостови
СВЕТ

Прв говор на новиот папа: Да си помагаме едни на други, да градиме мостови

Објавено May 8, 2025 20:47
strana.mk
Сподели
Сподели

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и пред десетици илјади собрани верници го одржа својот прв говор по изборот.

„Мир со сите вас“, беа првите зборови на 69-годишниот папа, роден во Чикаго, кој зборуваше на италијански јазик. „Браќа и сестри, ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос. Сакам да упатам поздрав на мирот што стигнува до вашите семејства, до сите вас, каде и да сте. Нека мирот биде со вас“, рече тој, предизвикувајќи бурен аплауз и радосни извици од толпата.

Папата Лав XIV ја продолжи својата порака со повик за љубов и заедништво, нагласувајќи: „Бог нè сака сите, безусловно“. Тој му оддаде почит на својот претходник, папата Франциск, и изрази желба да го следи неговиот пример, давајќи благослов на верниците на плоштадот „Свети Петар“.

– На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов. Помогнете ни, и да си помагаме едни на други, да градиме мостови, порача новиот папа.

Тој им се заблагодари на кардиналите што го избрале на дводневната конклава и упати посебен поздрав до Црквата во Рим.

На шпански јазик, Лав XIV се обрати и на својата поранешна бискупија во Перу, каде што, како што рече, „верниот народ ја споделуваше својата вера и даде многу“.

На крајот од говорот, папата ги повика верниците заедно да ѝ се помолат на Дева Марија, по што плоштадот повторно се исполни со воодушевување. Тој прочита извадок од светите текстови на латински јазик во чест на светците и Богородица, а потоа уште еднаш ги благослови собраните. Додека оркестарот на карабинерите свиреше во позадина, папата Лав XIV мавна на мноштвото што го исполни плоштадот, каде што продолжи прославата.

TAGGED:говорнов папа
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Томовски: Ќе биде зголемен бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои
Следна статија Хорор во Косово: Татко ги избоде двете ќерки и сопругата – едната ќерка почина

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени

Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор…

July 30, 2025
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025

Почнува со работа Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Битола

Во Основното јавно обвинителство во Битола…

July 31, 2025

Фатон Сељами предложен за нов народен правобранител

Комисијата за прашања на избори и…

July 31, 2025

ЦУК апелира за внимателност за Илинден – да не се предизвика пожар

Регистриран е пожар во општината Берово…

July 31, 2025

Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа

На денешната седница за пратенички прашања…

July 31, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Илон Маск: Јас не користам дрога

Илон Маск на X објави дека не користи дроги, еден ден откако „Њујорк тајмс“ објави дека поранешниот соработник на Доналд…

June 1, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Победа на либералите во Канада: Америка никогаш нема да владее со нас

Либералите на премиерот Марк Карни победија на изборите во Канада, но не успеаја да го освојат мнозинството што требаше да…

April 29, 2025
СВЕТ

Економската политика на Трамп: Царини за увоз и намалувања на даноците

На домашен план, економската моќ на Соединетите Американски Држави е оптоварена со цела низа предизвици кои Доналд Трамп планира да…

November 11, 2024
СВЕТ

Лекарите објавија од што почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија

Директорот на познатиот градежен концерн Страбаг, Клеменс Хазелштајнер, почина во петокот на 17 јануари од аневризма. Ова го соопштија лекари…

January 19, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?