strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Многу скоро ќе се потпише меѓувладин договор за инвестиција
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Многу скоро ќе се потпише меѓувладин договор за инвестиција
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Многу скоро ќе се потпише меѓувладин договор за инвестиција

Објавено May 14, 2025 13:35
Strana
Сподели
Сподели

Дел од средствата за планираната модернизација и реконструција на железницата на Коридорот 10 ќе се обебзедат од Планот за раст, а дел од средствата со најавениот меѓувладин договор со европска земја за инвестиција во инфраструктурата и здравството, кој, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се потпише многу скоро, односно во прашање се денови.

Дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција за којашто ќе потпишеме договор на основа на влада со влада. Многу скоро, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор, рече Мицкоски на новинарско прашање.

Како што истакна, следува инфраструктурен бум во модернизација и реконструира на железницата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, со инвестиции во здравството, а продлжува и барањето партнери за изградба на стратешки проекти, како Чебрен и Галиште.

Мицкоски уверува дека со реконструкцијата на Коридорот 10 граѓаните ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час, а карго возовите најмалку четирипати побргу од сегашниот просек. Ќе можат да да возат 110 километри на час, наместо, како што рече, сегашните од 10 до 15 километри на час, во одредени делници.

Со тоа очекуваме не само зголемена брзина на карго превозот која ќе транзитира низ нашата држава, туку и зголемен интерес за повеќе композиции по бројност кој секако поради побрзиот транзит ќе биде зголелемен. Очекувам да се зголеми најмалку 10 пати, двапати по основ на интерес и четири до пет пати по основ на брзина, така што во нето износ тоа да биде најмалку десет пати повеќе од ова што е денеска. И крајната цел е годишниот приход на Македонски железници од основната дејност да достигне помеѓу 100 и 120 милиони евра, рече Мицкоски.

Покрај во железничкиот превоз, дополни, се инвестира и во здравството, а продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти.

Продолжуваме со изградба на Клиничката болница во Штип, зграда за Медицинскиот факултет, студентски дом, болницата во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, инвестиции околу 190 и 200 милиони евра или во тотал заедно со реконструкцијата на Коридорот ќе натфрли бројка од две милијарди евра. Во енергетиката главен фокус ни е проектот „Чебрене-Галиште“. Пред состанокот на Извршниот комитет вчера имав состанок со министерката разговаравме околу стратегијата, пристапот и околу начинот на којшто тој проект понатаму ќе го водиме. Анализираме и убеден сум дека овој пат државата ќе има можности да направи поинаков договор од тоа што беше во минатото случај, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски на 14 март годинава објави дека Владата работи на инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра. Не откри детали за инвестицијата, но посочи дека се работи за меѓувладин договор со моќна европска земја, како и дека договорот „ќе значи повеќе од 10 проценти од БДП“.

Очекувам добри вести за македонските граѓани во април и мај на еден меѓувладин договор којшто би го потпишале со многу моќна европска земја кој што ќе се мери во милијарди, не во милиони за проекти во инфраструктурата и во здравството, сега засега. Тоа портфолио може да биде зголемено. Очекувам ваков меѓувладин договор кој што ќе значи повеќе од 10 проценти од БДП, рече Мицкоски.

На 24 март годинава државава ги доби првите средства од претфинасирањето во рамки на Инструментот за реформи и раст од ЕУ, во износ од 52,4 милиони евра, од кои 24,4 за буџетска поддршка. Тоа се седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која за нашата земја изнесува 750 милиони евра.

TAGGED:Инвестициимицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ако се утврди драстично зголемување на цените ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави Мицкоски
Следна статија Кривична за инспектор во МВР, евидентирал фиктивни прекувремени часови за две вработени

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени

Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор…

July 30, 2025
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025

Европски куп во џудо за јуниори – СКОПЈЕ 2025

Скопје викендов ќе пулсира во ритамот…

July 31, 2025

Претседателката Сиљановска Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова,…

July 31, 2025

Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на…

July 31, 2025

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје

Првичните информации во врска со несреќата…

July 31, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

„Визер“ ги укина летовите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм

Унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ укина три авиолинии од аеродромот во Скопје, до Келн, Копенхаген и Стокхолм, со стапување на сила…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Сѐ поголема употреба на дигиталните канали за плаќање во земјата

Дигитализацијата носи значајни промени во начинот на кој граѓаните ги извршуваат своите плаќања. Во последните години, употребата на дигиталните канали…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски ја продолжува посетата на САД, се сретна со првиот човек на Атланскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски ја продолжува посетата на САД. Тој вчера имаше средба со Фредерик Кемпе, претседател и извршен директор на Атланскиот…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го…

July 26, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?