strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски и Стармер договорија стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски и Стармер договорија стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски и Стармер договорија стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство

Објавено May 16, 2025 17:48
strana.mk
Сподели
Сподели

Историски ден за Македонија! Денеска остварив средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата постигнавме согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по средбата во Тирана со британскиот премиер.

  • Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство. Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и претставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка. Самиот договор се преговараше повеќе месеци помеѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области, наведува Мицкоски.

Двајцата премиери во изјавите на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, оценија дека договорот за стратешко партнерство ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.

Договорот, кој се оценува како историски, ќе отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени. Ова е договор кој ја позиционира Македонија во поширокиот круг на интереси на една од водечките светски сили. Станува збор за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски со Обединетото Кралство.

Со потпишувањето на договорот, Македонија ќе добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици.

TAGGED:договорКир СтармерСтратешко партнерствохристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Велибор Манев фатен на снимка како внесува лопата во „кангуто“ на денот кога првпат требало да биде грабната Вања
Следна статија Што прифати Ковачевски во 2022 година за кое Кошта рече дека мора да се исполни: Уставни измени без никакви гаранции

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во повеќе градови почнува бесплатен скрининг за детектирање на болести на црниот дроб

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и…

July 28, 2025
Нова студија открива: Дали стевиата може да се користи како лек за рак?

Според ново истражување, растителна замена за шеќер - стевиа, би можела да…

July 27, 2025

Почна доказната постапка: Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен

На денешната главна расправа пред Основниот…

July 29, 2025

Атина најевтина, Лондон најскап: Колку чини изнајмување стан во европските метрополи?

Астрономските кирии во градските центри низ…

July 29, 2025

Владата работи на зголемување на просечната плата, најави Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи…

July 29, 2025

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот…

July 29, 2025

РАЗНО

НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Мицкоски: СДСМ ја понижи и ја клекна државата на колена, а денес зборува за понижена Македонија

СДСМ ќе ја брендира својата партија, а со тоа и самиот настан како „Понижена Македонија“. Јас мислам дека конечно Фројд…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андовска за аферата „Мазут“: Малку е доживотен затвор и конфискација, ама немаме смртна казна

Професорката и декан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Дарија Андовска, ја коментира аферата „Мазут“. Ај што пепел направиле…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка

Денеска православните христијани го празнуваат празникот Прочка. Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство кога верниците меѓусебно си…

March 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори…

July 12, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?