strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија
МАКЕДОНИЈА

Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Објавено May 19, 2025 21:13
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија. Во рамки на посетата, министерот оствари средба со својот домаќин, министерот за сојузни, европски, меѓународни работи и медиуми и шеф на државната канцеларија на покраината, Натанаел Лимински, како и со државниот секретар Марк Шпајх.

Во фокусот на разговорите беа одличните билатерални односи и динамичната соработка што се развива во изминатиот период. Министерот Муцунски истакна дека Северна Рајна – Вестфалија е исклучително доверлив партнер на нашата држава – како во политичката и економската сфера, така и во поддршката на европската интеграција. Тој изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка од покраината, како и за личниот ангажман на министерот Лимински во унапредувањето на политичката, економската и институционалната соработка.

„Оваа покраина е седиште на многу водечки германски компании и дом на бројна македонска дијаспора – фактори што дополнително ги зацврстуваат нашите односи. Заеднички изразивме уверување дека оваа посета отвора ново поглавје во нашето партнерство и дека ќе продолжиме со конкретни активности за унапредување на политичките и економските врски“, изјави министерот Муцунски по средбата.

Во рамки на работната посета, министерот Муцунски оствари и средба со Феликс Нојгарт, директор на Агенцијата за трговија и инвестиции на Северна Рајна – Вестфалија. Разговорите беа посветени на можностите за понатамошно интензивирање на трговската соработка, реализација на нови инвестиции во стратешки сектори, како и на продлабочување на партнерствата во области како што се енергетиката, туризмот, напредните технологии и дигитализацијата.

Дополнително, беа разгледани поволностите што ги нуди нашата држава за странските инвеститори, како и подготвеноста на Владата да биде активен и сигурен партнер во реализацијата на нивните проекти. Соговорниците се согласија дека постои реален потенцијал за унапредување на трговската и економската соработка во наредниот период.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски вчера ја посети и македонската заедница во градот Солинген, каде оствари средба со бројната и активна дијаспора.

TAGGED:работна посетасеверна рајна вестфалијатимчо муцунски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Поништувањето на изборот на Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена, информираат од Уставен суд
Следна статија Ќе одговара ли Бујар Османи за продажба на македонскиот идентитет?!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени

Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор…

July 30, 2025
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025

Европски куп во џудо за јуниори – СКОПЈЕ 2025

Скопје викендов ќе пулсира во ритамот…

July 31, 2025

Претседателката Сиљановска Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова,…

July 31, 2025

Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на…

July 31, 2025

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје

Првичните информации во врска со несреќата…

July 31, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Груби се крие во албанското туристичко место Хамалај ?

Најновата неофицијална вест е дека поранешниот вицепремиер, Артан Груби, осомничен во случајот „Лотарија“, престојува во Албанија, во близина на Драч,…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот градоначалник на Лозово осуден на година ипол затвор

Казна затвор за поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски од СДСМ одреди Основниот суд во Свети Николе. Според пресудата…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Во овој трагичен случај има мито и корупција, само сега ќе има име и презиме и одговорност

Панче Тошковски денеска рече дека лиценцата за овој клуб е фалсификат, и дека случајот е поврзан со мито и корупција.…

March 16, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?