strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Денес се прославува Вознесение Христово – Спасовден
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денес се прославува Вознесение Христово – Спасовден
МАКЕДОНИЈА

Денес се прославува Вознесение Христово – Спасовден

Објавено May 29, 2025 08:38
strana.mk
Сподели
Сподели

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух. А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево? И Он им одговори: Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт; но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата (Дела 1, 4 – 8). И веднаш, додека гледаа како се крева на небото, двајца мажи во бела облека, всушност ангели, благовестеа за Второто доаѓање на Христос на земјата. Наспроти упатството да не умуваат околу времињата на овие настани, кои се во Божја власт, во првите години па и векови по Вознесението, христијаните очекуваа самите да бидат очевидци на земјата на славната Парусија Господова.

Тропар
Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Синот Божји, Избавителот на светот.

Кондак
Откако ја исполни промислата за наша полза, и земното го соедини со небесното, се вознесе во слава, Христе Боже наш, без да се разделиш од нас, но останувајќи секогаш со нас, и повикувајќи им на оние што Те љубат: Јас сум (секогаш) со вас, и никој ништо против вас не може.

Преподобен Теодор Осветен

Ученик на Свети Пахомиј. Роден и воспитан како незнабожец, но како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за Свети Пахомиј, побегна во манастирот тајно од своите родители. Свети Пахомиј го замонаши и го засака заради неговата необична ревност и послушност. Кога дојде мајка му да го вика да се врати назад, тој не сакаше да ? се јави, туку се молеше на Бога за неа, за да ја просветли и неа со вистината. И навистина, мајката не само што не го врати син ? дома туку и самата не се врати: го виде во близина женскиот манастир со којшто управуваше сестра му на Пахомиј, стапи во него и се замонаши. По извесно време дојде во манастирот и брат му на Теодор, Пафнутиј, па и тој се замонаши. Еднаш се случи епископот на градот Панопол го повика Пахомиј да уреди манастир за многубројните коишто го сакаа монашкиот живот. Пахомиј го зеде со себе Теодор и главно нему му ја предаде должноста околу устројувањето на манастирот. По смртта на Свети Пахомиј, Теодор стана игумен на сите манастири на Пахомиј и поживеа благоугодно до длабока старост, управувајќи со мноштво монаси на патот кон спасението. Се упокои мирно и се пресели во царството на вечната светлина во 368 година.

Тропар
Ликуваат монашките лица, се радуваат христијанските срца, насекаде каде се споменува твојот труд и твоето име о Теодоре, ученику Пахомиев, Христос Спасителот те надари со дар на расудување, за да спознаеш дека без Него ништо не си, моли Го Него, о учителе на послушанието, да нe избави од мудрувањето телесно и дарува спасение на душите наши.

Блажената девица Муза

За нејзе раскажува Свети Григориј Двоеслов дека имала само девет години кога на двапати ? се јавила Пресвета Богородица, опкружена со пресјајни девици. Кога Муза изразила желба и таа да биде во онаа пресјајна придружба на Небесната Царица, Богородица ? рекла дека по еден месец ќе дојде по неа и ќе ја земе. И ? заповедала како треба да живее во тие триесет дена. Дваесет и петтиот ден Муза паднала на постела, а триесеттиот ден повторно ? се јавила Светата Пречиста и ја повикувала со тивок глас, на што Муза одговарала: „Еве ме, доаѓам, Госпоѓо!“ И издивнала. Од овој преминала во вечниот живот во 5 век.

Тропар
Ѕвездо на круната Богородична, чистото на патеката Нејзина, душо која се врати во вечноста, девственичке која ги примаш нашите молитви, Музо избрана во свитата на Божјата Мајка, застапи се за нас пред Онаа Која Христа Го роди, да се запазат нашите души.

Свети Никола Мистик, патријарх Цариградски

Се прослави со необична строгост на животот. Царот Лав се ожени по четврти пат, заради што патријархот му забрани да влегува в црква, а свештеникот што го венча го расчини. За ова царот го симна патријархот и го протера во манастир. Делегатите на римскиот папа Сергиј III му го одобрија на царот и тој четврти брак. Но кога умре царот, Никола повторно се врати на патријаршискиот престол и свика собор во 925 година, на којшто четвртиот брак воопшто им беше забранет на христијаните. Се упокои во 930 година. Во она време кај нив „мистик“ се нарекуваше најстариот член на царскиот совет. Значи овој светител порано беше дворјанин со висок чин, но потоа ја остави суетата на светот и се замонаши. Се упокои мирно во 930 година.

Тропар
Тајновидецот Господ го испита срцето твое, о пастиру на овците словесни, и те најде достоен да те умудри со смирение и трпение, да сведочиш за Неговото милосрдие. Моли се за нас, Христов ученику, кон Бога да поитаме од твоите свети молитви закрилени.

Светиот новомаченик Николај

Родум од Епир. За верата Христова мачен од Турците и заклан во Трикали, 1617 година. Главата на овој маченик се чува и денес во еден од Метеорските манастири во Тесалија. Прави многу чуда, лечи најтешки болести, а особено е познато дека од нивите изгонува скакулци.

Преподобните маченици Саваити

Во времето на царот Ираклиј, околу 610 година, за верата Христова пострадаа четириесет и четворица монаси од манастирот на Св. Сава Осветен кај Ерусалим. Нивното јуначко страдање го опиша очевидецот Свети Антиох (житие под 24 декември).

TAGGED:мпцСпасовденЦрква
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“
Следна статија Андоновски: Сајбер професионалците ќе земаат 40% повеќе, а институциите ќе мора да се сменат до 2027

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите

Фондот за здравствено осигурување ќе ги покрие сите трошоци за повредените во…

June 19, 2025
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025

Нема лекарска грешка во случајот со смртта на тригодишното дете од Кавадарци

Тројцата педијатри кои по налог на…

June 20, 2025

Политико: Дали Бугарија вештачки ја намалила инфлацијата за да влезе во еврозоната?

Дали Бугарија вештачки ги намалила државно…

June 20, 2025

Минимално покачување на трошоците за живот: Синдикалната кошница порасна за 790 денари во јуни

Минималните трошоци за живот на едно…

June 20, 2025

Од Северна во Македонска, тимот на Главчев го враќа името на кошаркарската федерација

Тимот на новиот претседател на националната…

June 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Скопје втор најзагаден град во Европа

Скопјани го дишат вториот најзагаден воздух во Европа. Според специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот IQAir, воздухот во…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска на некои места пообилни врнежи од дожд, еве каде наврна најмногу во изминатите 24 часа

Времето низ Македонија денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а некаде ќе…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваа на заедничка вежба помеѓу Единицата…

October 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд денеска носи одлука за „балансерот“

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста…

October 9, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?