Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вчера пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрлиле ѓубре и шут што претходно денеска го собрале од Старата скопска чаршија.
Дел од медиумите објавија дека целта на оваа акција, како што изјавил Ганиу, е да испрати порака за негрижата и несоработката од страна на градските власти кон Чаир.
Тој обвинил дека општината со месеци се соочува со проблеми околу одвезувањето на отпадот и одржувањето на јавната чистота, а дека барањата упатени до Град Скопје останале игнорирани.
Доцна вечерта градоналачалничката на град Скопје Данела Арсовска, пак, ја осуди ваквата, како што стои во соопштението, герила акција на Ганиу, која ја оцени како притисок и обид да се пресмета со неа, по објавувањето изминативе денови, на негови наводни криминални зделки со дивоградбите. Таа меѓу другото наведува и дека општината Чаир на ЈП „Комунална хигиена“ му должи седум милиони денари.