strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните: Викендов ќе се одржи Фестивалот „Пеце Атанасовски“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните: Викендов ќе се одржи Фестивалот „Пеце Атанасовски“
ЗАБАВА

Ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните: Викендов ќе се одржи Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Објавено May 29, 2025 17:18
strana.mk
Сподели
Сподели

Викендов на Рудина, Долнени ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните, кавалите. По 51. пат ќе се одржи Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Богатиот изворен мелос ќе го претстават околу 300 учесници од сите делови на државата, а на Фестивалот и на Семинарот за изучување на народните инструменти, што е во рамките на манифестацијата, гостуваат членовите на оркестарот „Александар“ од Австрија кои го негуваат македонскиот изворен мелос.

– Може да се пофалиме дека годинава имаме многу нови групи, многу млади учесници и тоа што ќе го понудат во двата фестивалски дена ќе биде атрактивно и многу убаво, затоа што сите од регионите ги претставуваат културата, традицијата и богатото изворно творештво, рече на прес-конференција уметничкиот директор на Фестивалот, професор д-р Родна Величковска.

Деновиве, во прилепскиот ученички дом „Орде Чопела“ се одржува Семинарот за изучување на народни инструменти и песни.

– Овие денови со 20-тина млади работиме на изучувањето на традиционалниот изворен мелос. Интересот кај младите е голем, рече етнокореологот Стојанче Костов кој заедно со уметничкиот директор Родна Величковска, со етномузикологот Горанчо Ангелов и фолклористот Горан Василевски работат со младите.

Во рамки на фестивалот е и симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“. Ќе се одржи утре напладне во Центарот за култура „Марко Цепенков“ кога ќе биде претставен и Зборникот на трудови за истражувањето во фолклористиката. Пред симпозиумот, составен дел на фестивалот е и Ден на гајдата, особено што од декември минатата година гајдата и нејзината изработка се на листата на УНЕСКО како заштитено нематеријално културно наследство. Гајдата е поврзана и со фестивалот кој неслучајно се одржува во Долнени што се смета за лулка на гајдаџиството во земјава.

– Фестивалот е најстар од овој карактер, конкретно ја негува гајдата како инструмент. И не случајно се одржува во Долнени каде своевремено имало дури и 150 гајдаџии, од каде потекнува и универзалниот уметник со светски глас Пеце Атанасовски, а Фестивалот, или поконкретно, општина Долнени ја доделува и најголемата фестивалска награда – „Гајдата на Пеце“ за најдобар гајдаџија, истакна Горан Василески, претседател на фестивалот.

Фестивалот ќе заврши в недела со доделување на наградите на најдобрите изведувачи на народни инструменти и песни.

TAGGED:„Пеце Атанасовски“
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората
Следна статија „Лидл“ е во процес на воспоставување на соработка со македонски компании

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

ЗАБАВА

Џони Деп гради куќа во Србија, Новак Ѓоковиќ ќе му биде прв сосед

Очигледно Србија толку многу му се допаднала на познатиот актер Џони Деп што решил да „пазари“ имот во Рогача на…

October 24, 2024
ЗАБАВА

Над 10.000 посетители уживаа во настапот на Армин ван Бурен во Битола

Вистински спектакл, синоќа во Битола, на БИТ ФЕСТ. Над 10.000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и…

August 4, 2025
ЗАБАВА

БАГАТЕЛНИ ЦЕНИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА МОРЕ – но има една „финта“, ноќевање само за 13 евра, ручек за 15 евра…

Значително поевтина понуда за сместување покрај море, но и пониски цени за ручек во ресторан или за пакет ангажмани сместување…

May 1, 2025
ЗАБАВА

Познати режисер тврди: Иднината би можела да биде пострашна од сценариото на Терминатор

Во времето кога Џејмс Камерон го снимаше Терминаторот, кој беше во средината на 1980-тите, идејата дека машините и технологијата можат…

October 28, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?