strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди
БИЗНИС

Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди

Објавено May 30, 2025 19:38
strana.mk
Сподели
Сподели

Во соработка на „Лидл Македонија“, Министерството за транспорт и Стопанската комора на Македонија, во Скопје се одржа конференција „Бизнис-со-бизнис“ посветена на градежниот сектор и секторот за недвижности. Настанот ги собра клучните партнери и компании со кои Лидл активно соработува во процесот на имплементација на своите проекти низ целата земја.

Конференцијата ја отвори заменик-министерката за транспорт, г-ѓа Калтрина Зеколи-Шаќири, која изјави дека „инвестицијата на компанијата Лидл носи свежина на пазарот, отвора нови перспективи за економијата и претставува доказ дека Северна Македонија нуди одлични услови за одржлив развој и рамноправно партнерство меѓу државата и бизнисот“.


На конференцијата беа презентирани високите професионални стандарди што Лидл ги применува во сите сегменти од своето работење, почнувајќи од изборот на локација, дизајнот и изградбата на проектот, па сè до здравјето и безбедноста при работа, енергетската ефикасност и сертификацијата на објектите. Со јасни и транспарентни тендерски процедури, строг технички надзор и одржливи градежни решенија, Лидл покажува дека секој чекор на компанијата е во согласност со најдобрите европски практики.

„Лидл е сериозен инвеститор кој влегува на пазарот со јасна визија и долгорочна посветеност. Нашата стратегија вклучува континуирана изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура низ целата земја“, изјави Рубријан Хаџиев, главен оперативен директор на Лидл Македонија.

Како дел од групацијата Шварц, најголемиот синџир на дисконти во Европа со присуство во 31 земја и над 12 000 продавници, Лидл носи стабилност, безбедност и модерен пристап во секоја фаза од развојот. Компанијата на глобално ниво вработува над 375 000 луѓе, а од 2022 година се префрли на зелена електрична енергија во своите капацитети.


На настанот беа истакнати и бројните партнерства со домашни и меѓународни компании – од агенти за недвижности, урбанистички планери и дизајнери, до градежни компании, консултанти, сертификациски тела и добавувачи. Овој колаборативен пристап овозможува испорака на сложени проекти од највисоко ниво, изградени врз квалитет и доверба.

Конференцијата беше заокружена со интерактивна сесија со прашања и одговори, како и можност за директна размена на идеи и поврзување со деловните партнери на Лидл.

TAGGED:лидл
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Управата на Вардар се откажа од петмина фудбалери
Следна статија Вучиќ најави предвремени избори: Убедливо ќе победиме, ни треба нова сила, нова енергија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора

Прославениот српски кошаркар Владе Дивац е…

June 20, 2025

Таткото Александар го праша Палчо: Зошто е убиена мојата Вањичка?

Мислев дека се ќе дознаам и…

June 20, 2025

Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Компанијата Лидл информира дека на социјалните…

June 20, 2025

(ВИДЕО) Митева: Се врши реконструкција во Општата болница во Кочани

Портпаролот на Владата на Република Македонија,…

June 20, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Прада го купи Версаче за 1,25 милијарди евра

Италијанската модна компанија Прада објави дека постигнала договор да го купи Версаче за 1,25 милијарди евра, што претставува една од…

April 11, 2025
БИЗНИС

Светската економија функционира, не ѝ се заканува рецесија, уверува шефицата на ММФ

Светската економија функционира и покрај изразената неизвесност поради ескалацијата на царинските војни, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина…

April 18, 2025
БИЗНИС

DHL престана да испорачува скапи пакети во САД

DHL EXPRESS привремено ја прекинува испораката на пакети во САД чија вредност надминува 800 долари (околу 750 евра) поради „големото…

April 21, 2025
БИЗНИС

Nvidia го престигна Apple и стана највредната компанија во светот

Nvidia го симна од тронот Apple како највредна компанија во светот во петокот, по рекордниот раст на акциите поттикнат од…

October 26, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?