strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Млекопроизводителите се суштината на млечната индустрија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Млекопроизводителите се суштината на млечната индустрија
ЕКОНОМИЈА

Млекопроизводителите се суштината на млечната индустрија

Објавено June 2, 2025 18:18
strana.mk
Сподели
Сподели

Во чест на Светскиот ден на млекото, Битолска млекара традиционално го одбележа Денот на фармерите, настан посветен на луѓето кои секојдневно придонесуваат кон развојот на домашната млечна индустрија. Со доделување на признанија за рекордни достигнувања и израз на благодарност, млекарата уште еднаш ја истакна клучната улога на фармерите во обезбедувањето квалитетно млеко до секој потрошувач.

Улогата на фармерите во млечната индустрија според најголемиот производител на млечни производи е од национална важност.

„Денешниот ден е одлична можност да се потсетиме на придонесот на млечната индустрија за примарното производство. Иако примарното производство и понатаму се карактеризира со раситнетост и мал обем по фарма, охрабрувачки е фактот што започна процес на консолидација, со помал број производители, но со поголеми количини. Тоа е првиот чекор кон одржливост. Млечната индустрија може и мора да има иднина, но само ако заеднички, заедно со креаторите на аграрни политики, преземеме јасни заложби: да ја направиме атрактивна за младите генерации, да ја модернизираме преку технологија, роботизација и модерен фармски менаџмент, да се стремиме кон 100% ЕУ-квалитет на суровото млеко. Само така, оваа индустрија ќе може да го одржи домашното производство, и не само да понуди стабилност против растечкиот увоз туку и можност за настап на извозните пазари“, истакна Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк.

Преку соработката со над 400 фармери низ Македонија, обезбедувајќи континуирана поддршка преку едукација, технолошка модернизација и долгорочни партнерства за унапредување на квалитетот на сточниот фонд, Битолска млекара претставува главен развоен фактор на сточарството во Македонија.

„Фармерите кои соработуваат со Бимилк покажуваат високо ниво на одговорност, како во одржување на животинската добросостојба, така и во прифаќање на препораки од нашите теренски тимови. Податоците покажуваат дека токму оние производители кои инвестираат во квалитет, преку подобрена исхрана, автоматизирани системи за молзење и добра ветеринарна поддршка, се оние кои континуирано испорачуваат млеко со највисоки технолошки параметри. Затоа е важно и овие практики да се афирмираат и вреднуваат. Факт е дека зад секој наш производ стои тимска работа, а фармерите, се нашата прва линија. Нивната посветеност, грижа и соработка се темел на секоја капка млеко што ја носиме до пазарот. Денес ги славиме резултатите што ги постигнавме во изминатата година, но нашата заедничка долгорочна цел останува јасна – континуирано унапредување на квалитетот на суровото млеко и зголемување на количините млеко со ЕУ-квалитет, како основа за одржлив раст,“ порача Александар Мано, менаџер за операции во Бимилк.

Фармерите примарните млекопроизводители беа поздравени и од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„Во чест на Денот на фармерите, упатувам искрени честитки и изразувам длабока благодарност до сите вредни земјоделци и сточари од нашиот регион. Вашата посветеност, истрајност и трудољубивост се меѓу најважните столбови на локалната економија и клучниот двигател на млечната индустрија во Битола. Посебно сакам да ја истакнам соработката меѓу битолските фармери и Бимилк – една од најзначајните агро-прехранбени компании во нашата општина и пошироко. Преку овој силен партнерски однос, не само што се обезбедува пласман на квалитетно домашно млеко, туку се поттикнува и развој на руралните средини, се зајакнуваат малите семејни фарми и целокупниот аграрен еко-систем. Млекопроизводството во Битола не е само економска гранка – тоа е традиција, начин на живот и иднина која заеднички ја градиме. Како локална самоуправа, остануваме посветени на создавање подобри услови за работа и развој во земјоделството, со цел да им овозможиме на нашите фармери да растат, да инвестираат и да бидат конкурентни“, изјави градоначалникот Коњановски.

Денот на фармерите беше потсетување дека иднината на млечната индустрија се гради врз доверба, фер партнерства и заеднички развој.

TAGGED:битолска млекарамлекопроизводство
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Струјата нема да поскапи? Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената
Следна статија „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ – ОКТА, МВР И РСБСП со заедничка кампања за поголема безбедност во сообраќајот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција

Полнењето на државната каса се одвива подобро од планираното. Извршувањето на буџетот оди според очекувањата. Биле собрани повеќе приходи во…

April 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: За „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се одбере најдобрата опција, неколку фирми заинтересирани за изградба на две когенеративни централи

Би сакале тоа да биде наш проект. Ќе ги разгледаме сите опции, а ќе ја избереме таа што ќе биде…

May 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година

„Од октомври 2025 година, деловните банки од земјава ќе можат да се приклучат кон платните системи на Единствената област за…

April 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималната плата, но ќе се формира официјална потрошувачка кошница

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,…

February 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?