strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Николоски: Наредната недела ќе формираме Координативно тело и официјално почнуваме реализација на Договорот со Велика Британија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Наредната недела ќе формираме Координативно тело и официјално почнуваме реализација на Договорот со Велика Британија
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Наредната недела ќе формираме Координативно тело и официјално почнуваме реализација на Договорот со Велика Британија

Објавено June 3, 2025 20:10
strana.mk
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва најави дека на почетокот од следната седмица ќе биде формирано Координативно тело за реализација на Договорот со Велика Британија за партнерство за остварување на инфраструктурни проекти.

-Веќе наредниот вторник ќе имаме формирано Координативно тело за реализација на Договорот со Велика Британија. Министерството за финансии ќе започне процес за обезбедување на финансии и уверуваме дека ќе ја избереме најповолната опција за финансирање на проектите, истакна вицепремиерот Николоски во вечерашното интервју во Топ Тема.

Тој истакна дека до вторник треба да биде подготвен и првиот капитален проект, а тоа е брзата пруга од Табановце до Гевгелија.

-Очекувам до вторник да сме подготвени со првиот иницијален проект, а тоа е брзата пруга од Табановце до Гевгелија. Владата треба да го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансирање за проектот. Следниот чекор би било Министерството за финансии низ еден транспарентен и конкуретнет дијалог да испрати барање за финансирање до сите релевантни меѓународни финансиски институции и тие да се натреваруваат меѓу себе која ќе понуди најдобри услови за финансирање. Ние мислиме дека тоа ќе е Велика Британија, но дај боже да се пријави некој што ќе понуди поинакви услови и поевтино финансирање. На пример, ако Велика Британија понуди дека може да финансира 95 отсто од сумата по одредена камата, а се појави друга држава која може да финансира 100 проценти од сумата по пониска камата, секако ќе ја избереме другата варијанта, вели Николоски.

Во понатамошната постапка, како што посочи вицепремиерот Николоски, ќе се избира изведувач по Законот за јавни набавки.

-Tеоретски ако тоа би било Велика Британија, после тоа се одбира Велика Британија како финансиер на проектот и влегуваме во реализација на проектот со избор на Изведувач и тоа преку нашиот Закон за јавни набавки што јасно ја утврдува процедурата како се избира изведувач за вакви големи проекти. Тоа не е договор во четири очи, но не е ни класичен тендер каде може било кој да се јави. Мора да се постават јасни критуриуми кој може да учествува бидејќи проектот мора да биде завршен и мораме да бидеме сериозни да не ни се случи Охрид – Кичево или слично. Но наједноставно за јавноста, тоа би бил конкурентен дијалог со компании кои ги исполнуваат условите, а ќе поставиме соодветни критеритуми, појаснува Николоски.

Во однос на договорите на Велика Британија со Труција и Србија, тој потенцираше дека тие се класични комерцијални договори кои ги следи финансирање со градба, додека во нашиот случај, додаде тој, имаме политички договор, прв ваков договор потпишан во регионот, со кој ќе ни се понудат најповолни услови за финансирање, нагласи вицепремиерот Николоски.

Тој појасни дека до 20 проценти ќе работат компании од Велика Британија, до 30 проценти ќе се вградуваат компоненти исто од Велика Британија.

-Работниците не се ограничени, може сите работници кои ќе работат на проектите да бидат од Македонија, за разлика од договорот со Синохидро за изградба на автопатот Кичево-Охрид каде стои дека најмалку 51 процент од работата да ја изведува кинеската компанија и работници да се донесени од Кина, кажа Николоски.

Во делот на работници, вели, воопшто нема никакви ограничувања, може сите работниции да се од Македонија.

-Она што ќе се вградува, до 30 проценти да е произведено во Велика Британија. Имајќи предвид дека ако зборуваме за пругата, модерните пруги користат софистицирани системи за сигналзиација, тоа се системи кои возовите ги носат на автопилот, самите управуваат со воз итн. За жал тоа се системи кои ние не ги произведуваме и веројатно тоа ќе е британската компоненета која ние ја немаме, нагласи вицепремиерот Николоски.

Во однос на премијата за заемот, тој потенцираше дека овој процес ќе биде транспарентен за сите граѓани, односно од финансиските институциии ќе се бара трошокот за заемот да биде единствен без скриени и дополнителни ставки.

-Нашето барање за финансирање е да добиеме финансирање со единствен трошок. Да поедноставам, кога земаме кредит таму вели ЕУРИБОР плус 1, но после тоа имате уште пет, шест ставки со ситни букви банкарски напишани итн. Нашето барање ќе биде да имаме единствена цена на чинење и ќе ја избегнеме премијата на начин што тоа ќе биде обврска на финансиската институција која што ќе понуди финансирање и таа да си го вкалкулира во сопственото финансирање. Односно, доколку повлечеме средства од 2 милијарди и доколку ние добиеме камата од 10 отсто, знаеме дека 10 отсто ни е каматата и нема да имаме плус, односно кога ќе го правиме годишниот план ќе знаеме колку треба да враќаме без таа ставка за ова, она итн. Велиме дајте да бидеме транспаретни пред луѓето и да дадеме целосен трошок, а дали банката ќе ги плаќа провизиите, ќе ги добие како донација или сл, нас не не интересира. Дајте точна каматна стапка. Уверуваме дека ќе имаме најдолга рочност за враќање, најголем грејс период и најдобра камата, потенцира вицепремиерот Николоски

TAGGED:Александар Николоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија 8,5 милиони странски туристи ја посетија Шпанија во април, 10,1% повеќе од минатата година
Следна статија Божиновски: Заев и Ковачевски во процесот на евроинтеграциите ја доведоа Македонија до коленичење

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Попладнево во Крива Паланка беше приведен…

December 2, 2025

(ВИДЕО) Николоски: Пробиени 17 километри од новиот автопат Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

На делницата Скопје – Струга –…

December 1, 2025

(ВИДЕО) Започна новата лизгачка сезона во СЦ „Борис Трајковски“

Официјално започна новата лизгачка сезона во…

November 29, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Процедурата за распределување на парите од унгарскиот кредит до крајот на месецов, заинтересирани голем број компании

Целата процедура околу средствата од унгарскиот кредит наменети за компаниите, според најавите на надлежните, треба да заврши до крајот на…

January 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски со добри вести за оризопроизводителите: 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа за извоз и субвенции од 18.000 денари од хектар за тековната 2024

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека е решен откупот на ориз. -Решен откупот на ориз! По интензивните средби кои ги имавме…

December 12, 2024
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Претседателката Сиљановска Давкова денеска нема да го прати предлогот за нов гувернер до собранието. Таа ќе размислува уште два-три дена,…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по одржувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската…

November 14, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?