-Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ги пренесов нашите сегашни и идни приоритети во рамки на Алијансата за актуелните безбедносни прашања, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Мисајловски.
Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната и модернизација, истовремено ја зајакнуваме интероперативноста со сојузниците и партнерите и градиме отпорност и одвраќање од современите закани со една цел колективна безбедност – сигурни граѓани.

Глобалната безбедносна рамнотежа се менува, а тоа значи дека како НАТО членка мораме да бидеме подготвени да дејствуваме проактивно, со зајакната координација и одлучност, пишува во својата објава Мисајловски.