strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Најголемо врсничко насилство трпат 11-годишните момчиња
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Најголемо врсничко насилство трпат 11-годишните момчиња
МАКЕДОНИЈА

Најголемо врсничко насилство трпат 11-годишните момчиња

Објавено June 5, 2025 18:12
strana.mk
Сподели
Сподели

Врсничкото насилство ги засега здравјето и добросостојбата и на момчињата и на девојчината од сите нивоа на социо-економски статус, возраст и етничка позадина. Особено се ранливи 11-годишните момчиња кои најчесто се наоѓаат и во улога на „жртви“ и во улога на „насилници“ во сите три форми на насилство (малтретирање, сајбер малтретирање и тепачки).

Ова се дел од заклучоците од наодите од Националниот извештај за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од истражувањето во 2021/22 година во земјава „Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Македонија”. Наодите од студијата се од последниот циклус собирање податоци во 2022 година, изработена од Студијата за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст (ХБСЦ) и спроведена од Центарот за психо-социјална и кризна акција – Малинска, со одобрение од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА.

Студијата е изработена од истражувачкиот тим на ХБСЦ – Маја Цветаноска, Лина Ќостарова-Унковска, Шерузе Османи Балажи и Иван Христов.

Во наодите од истражувањето се посочува дека со возраста, малтретирањето има тенденција да опаѓа, додека сајбер малтретирањето останува исто на сите три возрасти (11, 13 и 15 години). Родовите разлики, како што се нагласува, се традиционално обоени – девојчињата се почесто во улога на „жртви“, а момчињата на „насилници“.

-Пропорцијата на малтретирање на младите, на децата во македонските училишта е во меѓународниот просек на земјите кои биле вклучени во студијата. Од земјите од регионот само Словенија и Бугарија се рангирани повисоко од нашата земја, што значи дека појавата е поприсутна. Во најголем процент жртви на малтретирање се машките, односно момчињата и тоа од 11-годишна возраст. Има тенденција на намалување на оваа појава со годините. Општо како појава малтретирање помалку се перципира од младите затоа што го чувствуваат како дел од нивното секојдневие и нормализирано е како појава, но кога ќе ги специфицираме колку биле предмет на ширење на лаги и озборување или дофрлување со погрдни зборови, гледаме дека има тенденција на зголемување на овие проценти, истакна Шерузе Османи Балажи, национален ко-координатор на студијата ХБСЦ.

истражување за врсничко насилство

Во однос на категоријата ученици кои малтретирале друг во училиште најмалку 2 до 3 пати месечно во последните месеци, нашата земја е рангирана во топ 10 највисоко рангирани земји и сме над меѓународниот просек на земјите вклучени во истражувањето. Исто така, момчињата од 11-годишна возраст се најповеќе вклучени во оваа појава и малтретирање на други ученици.

-Младите во нашата земја во однос на тоа сајбер малтретирањето, се движиме околу меѓународниот просек на земјите вклучени во истражувањето. Момчињата од 11 години се повеќе погодени од сајбер малтретирање и девојчињата од 13 години. Учениците кои сајбер малтретирале други ученици нивни врсници, ние котираме високо односно сме топ 10 земји што се рангирани највисоко со присуство на оваа појава. Од земјите од регионот помалку е присутно сајбер малтретирање на други ученици во Грција, Албанија, Србија и Хрватска. Во однос на учеството на учениците во тепачки најмалку три пати во последните 12 месеци, нашата држава е под меѓународниот просек на земјите вклучени во истражувањето. Гледаме дека имаме значајна разлика помеѓу момчињата и девојчињата, а тоа значи дека момчињата покажуваат повеќе инволвирање во тепачки. Тоа има мала тенденција на пораст со годините. Од регионот само Грција и Хрватска се рангирани под нашата земја, односно имаат помалку присутни тепачки помеѓу младите, рече Османи Балажи.

Во студијата се наведува дека децата изложени на разни видови семејно насилство е многу поверојатно дека ќе се однесуваат насилнички, што го открива трансгенерациското одржување на насилството.

-Децата кои малтретираат имаат многу повеќе искуства со физичка злоупотреба од страна на некој во семејството. Најранливи се момчињата на 11-годишна возраст и 15-годишна возраст. Дури и кај децата кои не учествуваат во малтретирање, момчињата се поранливи, поизложени на физичко малтретирање во семејството од девојчињата. Кога зборуваме за емоционалното малтретирање, иако останува истиот тренд децата кои малтретираат се поизложени на своето животно искуство на емоционално малтретирање во своите семејства. Во оваа категорија, поранливи се 11-годишните момчиња и девојчиња и 13-годишните девојчиња. Децата кои малтретираат имаат повеќе искуства со сексуална злоупотреба, меѓу нив девојчињата на поголема возраст се понезаштитени. Кај сведочењето на домашно насилство 11-годишните момчиња се најранливи, најмногу известиле дека сведочеле домашно насилство. Со возраста тоа отпаѓа, а кај 13-годишните девојчиња има почести известувања за ова, нагласи Маја Цветаноска, истражувач во тимот на студијата ХБСЦ.

По пандемијата со Ковид, наведуваат, сите форми на насилство, во двете улоги на „жртва“ и „насилник“ се во пораст.

-На сите возрасти (11, 13 и 15 години) и кај двата пола во периодот пост ковид во 2022 година, има покачување на процентот пропорциите на учениците кои известиле дека биле малтретирани најмалку 2 до 3 пати во последните неколку месеци и најранливи се момчињата и девојчињата на 11-годишна возраст. И во однос на тие што малтретирале, останува истиот тренд, освен кај 15-годишните момчиња каде има некое намалување во пост ковид, а кај сите останати има нагорен тренд. Кај учениците кои биле сајбер малтретирани, може да се забележи дека има голем пораст кај момчињата и девојчињата од сите возрасти во улога на жртви на сајбер малтретирање. Порастот пост ковид, особено во оваа форма на насилство онлајн е доста зголемен. Има пораст пост ковид на учество во тепачки кај момчињата на 11 години, рече истражувачката Цветаноска.

Во истражувањето се посочуваат и низа препораки до надлежните институции: Градење култура на ненасилство, прекинување на кругот на насилство, ефективни системи за поддршка на децата и младите, сеопфатни политики за превенција на насилството, програми за унапредување на менталното здравје на децата и младите, зајакнување на протективните фактори, пристапи кон целото училиште.

TAGGED:врсничко насилство
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Вкупно 107 казни за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
Следна статија Сабаленка се пласира во финалето на Ролан Гарос

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мизрахи: Профитот на СДС во случајот Онкологија им бил поважен отколку животите на граѓаните

На панел дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Моќта на лековите, живот или профит“, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи истакна…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски во Будимпешта: Македонија станува лидер во електронските услуги во Западен Балкан

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на Регионалниот развоен форум во организација на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), кој…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност

Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДУИ до Јаневска: УЧК е сè за Албанците, не ништо министерке

Изјавите на министерката за образование Весна Јаневска претставуваат тешка навреда за Албанците во Северна Македонија и обид да се избрише…

December 2, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?