strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Почина најстариот народен херој на поранешна Југославија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БАЛКАН > Почина најстариот народен херој на поранешна Југославија
БАЛКАН

Почина најстариот народен херој на поранешна Југославија

Објавено October 6, 2024 10:51
strana.mk
Сподели
Сподели

На 104-годишна возраст почина последниот народен херој на поранешна Југославија, командантот на Сремскиот партизански одред, а потоа и на Шестата војводинска бригада, генерал-потполковник Петар Матиќ Дуле од поранешната ЈНА, соопштено е во петокот вечерта во Белград.

Матиќ е роден на 6 јули 1920 година во Ириг во богато земјоделско семејство, основно училиште завршил во родниот град и се занимавал со земјоделство до почетокот на Втората светска војна.

Изданието Antifašistički vjesnik наведува дека како дваесетгодишен Петар Матиќ Дуле активно работел на кревање востание против окупаторите – по Априлската војна и окупацијата на Југославија во 1941 година како секретар на Месниот комитет, а потоа и секретар на Обласниот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Ириг и член на Штабот за подготовка на востанието.

Во август 1941 година тој бил задолжен за прифаќање на комунистите кои избегалњ од затворот во Сремска Митровица. Кога бил формирана Иришката партизанска чета, тој станал нејзин прв политички комесар.

Во биографијата на Матиќ еистакнато дека за време на војната двапати бил ранет во борбите со германските окупатори.

Во мај 1943 година, тој бил назначен за командант на Војводинската ударна бригада, која префрлила 1.100 доброволци од Срем и 110 запрежни коли со храна, облека и медицински материјали во источна Босна, а режисерот Вељко Булајиќ го сними филмот Велики транспорт врз основа на тој настан.

Втората светска војна ја дочекал со чин потполковник, а во 1953 година на 33-годишна возраст го добива чинот генерал-мајор.

По ослободувањето на Белград дипломирал на Вишата воена академија во Советскиот сојуз, а во повоена Југославија бил член на Собранието и член на Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија.

Во 1988 година бил избран за претседател на Здружението на здруженијата за НОБ (СУБНОР), но во октомври истата година бил разрешен поради неговото противење на политиката на Слободан Милошевиќ, подоцнежниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија.

Петар Матиќ имал пет браќа и сестри и сите биле партизани. Анка Матиќ, една од сестрите, загинала како бомбаш на крајот на војната во битките за ослободување на Белград и постхумно е прогласена за народен херој.

Мајката на Петар Матиќ била застрелана во логорот Јасеновац, а неговиот татко бил мачен до смрт во родниот Ириг.

Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати телеграма со сочувство, во која посочи дека „Петар Матиќ, како и сите негови соборци, ќе остане симбол на патриотизмот и еден од темелите на современата историја на Србија“.

„Србија ќе продолжи да се сеќава на жртвата на хероите од Втората светска војна, да ги наследува вредностите за кои се бореле и слободарската идеја за која ги дадоа своите животи“, вели Вучиќ во телеграмата со сочувство.

TAGGED:Народен херојПетар Матиќ
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“
Следна статија Со селфи од брзата помош Карвахал потврди дека ги скинал лигаментите

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Софија Куновска: Конгресот на СДСМ беше театар на апсурдот без смисла и катарза

Актерката и поранешна функционерка на СДСМ,…

January 26, 2026

(ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос

Македонија ги зајакнува преносните линии за…

January 23, 2026

(ВИДЕО) Екс хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ скокна во морето на Антарктик

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која…

January 22, 2026

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов по втор пат стана татко!

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов…

January 21, 2026

РАЗНО

БАЛКАН

Почина внуката на Јосип Броз Тито

Во Белград на 70 годишна возраст почина внуката на Јосип Броз Тито, д-р. Светлана Броз, кардиолог, писател и активист за…

March 22, 2025
БАЛКАН

Вучиќ мора на пауза, се очекува Брнабиќ да преземе

Доколку српскиот претседател е привремено спречен да ја извршува функцијата, неговите должности и одговорности ги презема претседателот на Собранието, најмногу…

May 5, 2025
БАЛКАН

(ФОТО+ ВИДЕО) Ученик во основно училиште во Загреб со нож ранил наставничка и неколку деца

Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми. Инцидентот се случил…

December 20, 2024
БАЛКАН

Србија ќе добие 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст на Западен Балкан до крајот на неделата

До крајот на неделата на Србија ќе и бидат исплатени 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст за…

March 31, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?