Реал го победи Виљареал со 2:0 во дербито од 9. коло во Примера, но победата има горчлив вкус поради повредата на Дани Карвахал.
Десниот бек на Реал во 92.минута го повреди коленото, на носилки беше изнесен од теренот.
Околу 2 часа по полноќ, Каравахл на Инстаграм објави селфи од брзата помош и ги потврди црните прогнози.
„Потврдена ми е тешка повреда на вкрстените лигаменти. Морам да одам на операција и нема да играм неколку месеци. Со нетрпение очекувам да почнам да закрепнувам и да се вратам како ѕвер. Ви благодарам на сите за пораките“.
Карвахал е позитивен и покрај се, но оваа повреда обично значи долго отсуство од терените, кое трае приближно осум до десет месеци. Тоа значи дека неговата сезона е практично завршена.
Ова е огромен удар за Реал бидејќи Карвахал е незаменлив на позицијата десен бек.
Негова замена е Лукас Васкез, но освен него Реал нема ниту еден десен бек. Шпанските медиуми пишуваат дека поради ова сигурно е дека Реал ќе мора да реагира во зимскиот преоден рок.