strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа
МАКЕДОНИЈА

Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа

Објавено June 6, 2025 12:11
strana.mk
Сподели
Сподели

Од околу два часа колку што е сега потребно да се стигне од Ресен до грчката општина Преспа, со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос, чија изградба и официјално почна од двете страни на границата, времето за патување ќе се намали на 40 минути.

Работите во проектот БорПрес2 од македонска страна официјално почнаа во март, додека, пак, вчера во општина Преспа беше означен почетокот и на грчка страна, со настанот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Република Македонија на областа Преспанско Езеро“, на кој присуствуваа министрите за внатрешни работи на двете земји Панче Тошковски и Теодорос Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, како и претставници на локалните самоуправи.

Поради вчерашниот 24-часовен штрајк на новинарите во Грција, грчките медиуми, пред сè оние од северниот дел на земјата, денеска објавија за отпочнувањето на работите во Преспа.

Македонската делегација, заедно со амбасадорот Рокас, пеш ја поминале границата и пристигнале на настанот во Прeспа.

ЕУ амбасадорот во изјава за локалните медиуми, рекол дека е важен, историски ден, но и дека за него е чест што е првиот што ја помина границата.

Ова е програма финансирана од ЕУ и се надеваме дека, пред сè, ќе ја унапредиме комуникацијата на народите, но и да ја заштитиме Преспа, езерото што е светското наследство во биодиверзитетот. Верувам дека ќе помогне во туризмот, во комуникациите, ќе помогне во трговските размени и навистина сум среќен што сум првиот кој ја преминува границата. Се надевам дека за година и пол до две ќе го направиме тоа официјално, истакна Рокас за весникот „Ихос“ од Лерин.

Министерот за внатрешни работи на Грција Теодорос Ливаниос за истиот весник нагласи дека станува збор за многу важен проект за економијата на Преспа.

Во текот на годинава изведувачите ќе почнат со работа и се надевам во рок од две години проектот ќе биде завршен и да им биде предаден на жителите на Преспа, но и на посетителите за да уживаат во убавините на областа, истакна Ливаниос.

Тој додаде дека не станува збор за лесен проект, бидејќи, како што објасни, за изградбата на патот требале да бидат земени предвид многу еколошки параметри за заштита на животната средина.

Неговиот македонски колега, министерот Панче Тошковски, како што вчера објави МИА, посочи дека „ова не е само почеток на инфраструктурен проект, туку реализација на заедничка визија – визија вкоренета во регионалната соработка, европската интеграција и трајното партнерство меѓу нашите две држави“. 

Силата на Европа лежи во нејзиното единство и во мостовите што ги градиме преку границите – а не во ѕидовите што ги подигаме меѓу нас. Преку проектот БорПрес2, ја претвораме таа цел во практично, мерливо влијание. Овој проект е доказ дека европската интеграција не е далечна аспирација – тоа е жив процес, вкоренет во опипливи резултати: подобри патишта, безбедни граници и подобрен квалитет на живот за граѓаните на кои им служиме, потенцираше Тошковски, кој на маргините на вчерашниот настан оствари и билатерална средба со грчкиот министер Теодорос Ливаниос на која разговарале за меѓусебната соработка, како и можно решение за побрз проток на патници и стоки на граничниот премин Богородица – Евзони.

Во проектот БорПрес2 вреден над 7,7 милиони евра, 80 отсто финансиран преку ИПА 3 програмата на Европската Унија се планирани реновирање на постојната полициска станица од македонска страна, изградба на нова зграда за царинска и полициска контрола на страна на Грција и развој на прекуграничната пешачка патека помеѓу селата Брајчино и Агиос Германос со цел промоција на еко-туризмот.

Партнери во проектот се министерствата за внатрешни работи на двете земји, грчкиот регион Западна Македонија и општините Ресен и Преспа.

Целта на БорПрес2 е целосно оперативно функционирање на преминот, согласно со Шенген стандардиτе, зајакнување на поврзаноста, безбедноста и регионалниот развој во Преспанскиот регион.

Проектот започна на 14 февруари 2025 година и е планирано да трае 36 месеци, со завршување на 13 февруари 2028 година.

Граничниот премин Маркова нога-Лемос, кој функционираше со децении, олеснувајќи ја комуникацијата меѓу жителите од двете стани на границата беше затворен во мај 1967 година за време на хунтата во Грција, а повторното отворање беше континуирано барање на локалното население. 

TAGGED:маркова ногапреспаресен
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Сиљановска за Курбан Бајрам: Да се потпреме еден на друг, суштински да се залагаме за благосостојбата на сите наши сограѓани и за просперитет на татковината!
Следна статија Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

МВР: Не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце

Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите, дека наводно бил вратен стариот систем на контрола…

July 12, 2025
(ВИДЕО) Симулациска вежба за проверка на функционалноста на системот за безбедност
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Симулациска вежба за проверка на функционалноста на системот за безбедност

Денеска на автопатот Петровец – Скопје, кај клучката Кадино, во организација на Министерството за внатрешни работи беше изведена голема симулациска…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството со жалба за куќниот притвор на мотоциклист кој го прегази Југослав на пешачка патека

Обвинителството поднело жалба за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ниту еден од пациентите од Кочани примени во „Пирогов“ не е на механичка вентилација, изјави директорот Валентин Димитров

Сите осум пациенти кои се тешко повредени во пожарот во дискотека во Кочани, Македонија, хоспитализирани во болницата Пирогов, веќе се…

March 29, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?