Големо невреме попладнево го зафати Дојран, при што за кратко време наврна пороен дожд проследен со град. Невремето предизвика проблеми со електричната енергија, а жителите пријавуваат и повремени прекини во мобилната мрежа.
Според очевидци, дождот започнал нагло, со силен интензитет, а по неколку минути следувал и град што оштетил овошки и насади во неколку делови на општината. Силниот ветер дополнително ја влошил ситуацијата.