Македонија ќе биде организатор на Европско првенство во ракомет во машка конкуренција? Најавите од Словенија се позитивни.
Претседателот на Ракометниот сојуз на Словенија, Бор Рожман, откри дека неговата земја, Србија и Македонија ќе поднесат кандидатура за организација на Европско првенство во 2034 година.
Според Рожман веќе се направени неколку чекори во оваа насока. Македонија треба да биде домаќин на две групи од првата фаза, а завршницата би се играла во Белград.
Македонија двапати беше домаќин на Европско првенство во женска конкуренција, но никогаш во нашата земја не се играло за европски медали кај ракометарите.