strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Со инвестиција од 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало со Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Со инвестиција од 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало со Бугарија
БИЗНИС

Со инвестиција од 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало со Бугарија

Објавено October 7, 2024 19:05
strana.mk
Сподели
Сподели

Со инвестиција од вкупно 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Струмјани-Берово (Клепало) со Република Бугарија. За овој проект се обезбедени 3,1 милиони евра грант од ИПА 3 Програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Бугарија, а 551.548 евра се национално ко-финансирање. Денеска во Берово, се одбележа почетокот на проектот за воспоставување на новиот граничен премин, на којшто се обратија директорот на Царинска управа Бобан Николовски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, Тони Јакимовски.

Министерот Перински вели дека Програмата и покрај континуираните политички спорови меѓу Бугарија и Македонија, испраќа позитивна порака до сите засегнати дека регионалната соработка и добрососедските односи можат да придонесат за раст и просперитет на пограничниот регион со што ќе се овозможи поквалитетен живот на граѓаните, што во суштина е и целта на ИПА програмата, финансирана од Европската Унија.

„Отпочнувањето на овој долгогодишен очекуван стратешки проект е од големо значење по многу основи како за нашата земја, така и за целиот пограничен регион. Отворањето на преминот Клепало ќе има значителна корист за регионалната поврзаност, ќе ја подобри и олесни комуникацијата помеѓу двете земји и ќе овозможи директен пристап до автопатот Струма во Бугарија, кој е важен дел од трансевропската транспортна мрежа. Користењето на овој граничен пункт освен што ќе заштеди време, ќе значи и олеснување на сообраќајот на луѓе и стоки меѓу двете земји и ќе создаде услови за економски развој во Малешевскиот крај кој ги поседува сите потенцијали за развој на туризмот. Ова е само уште еден проект кој се финансира преку ИПА програмата, финансирана од Европската Унија, чија имплементација ќе придонесе за зајакнување на прекуграничната соработка, а во интерес на граѓаните”, потенцира Перински.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски истакна дека воспоставувањето на преминот Клепало како и реконструкцијата и надградбата на граничниот премин Деве Баир испраќаат силна порака дека Македонија е силно посветена на процесот за пристапување во ЕУ, при што ќе се инвестира во подобрување на граничното управување на сите премини.

Денешниот настан, како што вели, е јасен доказ за нашата посветеност во процесот на пристапување во ЕУ, при што воспоставувањето на преминот Струмјани – Берово е еден од стратешките проекти.

Директорот Николовски вели дека со овој проект се очекува подобрување на регионалната поврзаност, зголемување на протокот на луѓе, унапредување на економските односи и зајакнување на трговските врски.

Нашата цел е побрз пристап во единствениот пазар на ЕУ. Овој проект, проектот за реконструкција на Деве Баир, проектот за видео надзор, автоматизацијата на терминалите, јасно ја покажуваат нашата посветеност во остварување на стратешките приоритети за економска трансформација, безбедност на државата и жестока борба со криминалот, вели Николовски.

Директорот на Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија Тони Јакимовски вели дека создавањето на нов Граничен премин Струмјани – Берово (Клепало) претставува важен чекор во зајакнувањето на прекуграничната соработка меѓу двете соседни земји.

“Ваквите проекти претставуваат одраз на нашата заедничка визија за одржлив и интегриран регионален развој. Програмата Интеррег е создадена со цел да поттикнува прекугранична соработка и да ја поддржува интеграцијата на региони преку конкретни проекти кои носат долгорочни придобивки. Изградбата на новиот граничен премин Струмјани – Берово е одличен пример за оваа цел, овозможувајќи поголема мобилност на луѓето и стоки, зајакнување на економиите и подобрување на инфраструктурата од двете страни на границата”, вели тој.

Вкупната инвестиција за воспоставување на граничниот премин изнесува 11,1милион евра, при што 7,7 милиони евра се грант преку ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, а преостанатите средства се национално ко-финансирање од страна на Македонија и Бугарија.

TAGGED:бобан николовскибугаријазлатко перинскиклепалонов граничен преминцаринска управа
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Откритие што ќе доведе до нови начини за лекување РАК: Доделена Нобеловата награда за медицина
Следна статија Стојановски: Нашата цел е зголемување на животниот стандард на граѓаните

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за…

July 3, 2025
Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025

Македонските малолетници „дремат“ по пет часа на интернет дневно!

Анкетата на АЕК е спроведена од…

July 6, 2025

(ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски на промоција на противпожарни возила во Криволак

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски на…

July 6, 2025

Роналдо не сакал да го засени погребот на Жота и затоа не дошол

Најголемата португалска ѕвезда и капитен на…

July 6, 2025

Кристијан Голубовиќ си купи нов „Јагуар“, а ќе инвестира и во фарма со пилиња

Кристијан Голубовиќ излезе од реалното шоу…

July 6, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Германија го менува фокусот – од автомобили кон тенкови, недостиг на експерти за воена индустрија

Во германската индустрија се случуваат големи промени: додека работните места се намалуваат во водечките германски фабрики за автомобили, како што…

March 26, 2025
БИЗНИС

Расте цената на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата скокнаа за повеќе од 12 проценти минатата недела, достигнувајќи го највисокото ниво од крајот на јануари, бидејќи…

June 16, 2025
БИЗНИС

Маск: Не сум заинтересиран да го купам TikTok

Како еден од потенцијалните купувачи на TikTok се споменува и милијардерот Илон Маск. Американскиот милијардер Илон Маск за германскиот неделен…

February 9, 2025
БИЗНИС

ДЗС: За 20 отсто се намалени одобренијата на градба во однос на ланската година

Во извештајот на државниот завод за статистика се вели дека се издадени се 275 одобренија за градење, што е за…

October 11, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?