Голем пожар избувна помеѓу Омиш и Макарска на хрватскиот брег, а пожарникарите велат дека во моментов немаат контрола и дека е тешко да се локализира.
„Се браниме куќа по куќа, сè е во опасност“, изјави Славко Туцаковиќ, раководител на противпожарната служба, за Хрватската телевизија.
Евакуацијата на населението и туристите е во тек.
„Гаснувањето на пожарот е отежнато од ветерот, па Канаѓаните беа принудени да се вратат во Сплит“, додаде тој.
Тој ја опиша ситуацијата како сериозна.