Компанијата ,,Еурофарм” од Битола е фирма за која што се врзува шегата дека имаат книговодител магионичар затоа што успеал во завршната сметка за минатата 2024 година да прикаже профит кој се граничи со 0.
Прикажаниот профит на Еурофарм е само 6,700 евра или само 0,01 процент од обртот на фирмата, открива во својата анализа порталот Фактор.
Аптекарска компанија со најголем број аптеки во Македонија е „Еурофарм“ Битола. Има 123 аптеки ширум земјава и вработува 520 лица. Сопственичка на „Еурофарм“ е Ангелка Белазелкоска, пишува Фактор во својата анализа која открива финансиски биланси на најголемите аптекарски компании во Македонија се кој можете да ја прочитате ОВДЕ.
Како фирмата Еурофарм успеала од 46 милиони евра приход да прикаже само една просечна годишна нето плата во овој сектор како профит е тема за која Стопанската комора но и Комората на сметководители можат да направат студија на успешен случај.
Еурофарм е компанија која го финансира ракометниот клуб Пелистер Еурофарм и помага на други ентитети и звучи неверојатно дека таа дава стотици илјади евра за помош на други организации а за себе добива само 6,700 евра.
Другите финансиски институции можат да преземат и други мерки за да видат дали имаат основа повиците на социјалните мрежи кои бараат проверка на финансиските извештаи на оваа и други компании кои прикажуваат речиси неверојатно минимални профити.
Еве зошто треба финансиска да влезе кај аптеките. Еурофарм е примерот pic.twitter.com/u7UDxcthTc
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) June 18, 2025