strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски
МАКЕДОНИЈА

Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

Објавено June 23, 2025 16:47
strana.mk
Сподели
Сподели

Во Берово денеска беа одбележани 24 години од смртта на загинатите бранители во воениот конфликт 2001 година. Свежо цвеќе од страна на повеќе делегации беше положено пред спомен обележјето на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, кое пред 4 години во нивна чест го подигна Општина Берово.

Спомен обележјето е подигнато на иницијатива на претставници од Батаљон за врски Скопје, единицата која го чествува споменот на Зоран Бубевски, а автор е г-дин Кирил Мукаетов од Кавадарци.

Пред присутните беше прочитан краток реферат за нивниот живот и дело и со едноминутно молчење, беше оддадена почит.

-На денешен ден, пред 24 години, имињата на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, останаа запишани во македонската историја, како херои, кои го дадоа животот, за нешто поголемо од себе. Застанувајки во редот со Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп- Ѓеорѓиев Беровски, Никола Петров Русински, Леонид Пецовски, Ацо Русковски и многу други херои, бранителите се вградија во континуитет на изградбата на независна македонска држава, чувајќи го вечниот оган, кој ние Беровчани, нивните сограѓани, никогаш нема да дозволиме да избледи, беше истакнато во рефератот во рамки на денешниот настан.

За градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски не постои поголема вредност, поголема доблест, од тоа, да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава.

-Во знак на голема почит кон загинатите бранители, во Берово, се преименувани имињата на 4 улици, во нивна чест и тие ќе останат да сведочат за нивната жртва.

Вечна им слава на загинатите бранители и вечен спомен на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски!, истакна Пекевски.

Свежо цвеќе на спомен обележјето на бранителите положија Делегации од Единиците на загинатите Бранители, од Општина Берово, семејства на загинатите бранители, ОВР Берово, Организација на резервни офицери Берово- Пехчево, Здружение на пензионери и политичките партии.

TAGGED:Беровобранители
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
Следна статија Препораки за претстојниот топлотен бран

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025
Препораки за претстојниот топлотен бран

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални…

June 23, 2025

МНР: Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна…

June 23, 2025

Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски

Времето кога години наназад секој од…

June 23, 2025

Блок 2 на РЕК “Битола” вклучен во електродистрибутивната мрежа денеска по 18 часот

Вториот блок на РЕК „Битола“ е…

June 23, 2025

Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја

Кавадаречката полиција поднела кривична пријава против…

June 23, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Во четврток ќе бидат погребани загинатите во пожарот во Кочани

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на прес-конференција соопшти дека погребот на 59-те загинати во Кочани ќе биде во четврток, 20…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, и е на високо петто место во светот

Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот, IQAir, главниот град на Македонија, Скопје утрово е најзагаден…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Асмир Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии од…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ предложи покренување постапка за стручен надзор за лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за детски болести

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството…

December 19, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?