Вториот блок на РЕК „Битола“ е вклучен во електродистрибутивната мрежа на Македонија. Блокот беше надвор од мрежата од 18 јуни поради пожар во близина на ормарот за електронско управување.
– По неколкудневните напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2 кој беше опожарен на 18.6.25 денеска по соодветните стручни операции за вклучување во мрежата, Блок 2 е синхронизиран со електродистрибутивна мрежа во 18:18, потврди за АПЛА, портпаролката на РЕК „Битола“, Оливера Михајловска.